Промовирани огласи »

Во Клуб Спорт 77 Евротип, во Демир Хисар, на 3ти април, освоен е 37 МИЛИНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката  вредна 1.311.980 денари е првата која е освоена во месец април. Со овој МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, среќниот играч Стевче Цветкоски стана 37 милионер на Државна видеолотарија.Една недела претходно, на 27.03.17 во Битола, играч во Делта Бет, освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.315.451 денари.

Во просторот на ново отворениот ВЛТ Клуб на улица Партизанска во Скопје, македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски- Иџе, на среќниот добитник, Стевче Цветкоски,му го додели чекот кој гласи на 1.311.980 денари. Добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.311.980 денари е освоена на 03.03.17 во Клуб Спорт 77 Евротип, Демир Хисар.

Скромен, во присуство на семејството и пријател, најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, Стевче Цветкоски ни ја раскажа својата приказна. Ни откри дека повремено игра на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Не верувал во среќата. Стевче не верувал ни дека тој може да освои добивка. Токму и затоа, пријатно бил изненаден од возбудливото сознание дека токму тој е новиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. На вредната добивка  од 1.311.980 денари, се израдувало целото семејство.

Цветкоски вели дека немаат детален план како ќе ги потрошат парите. Сепак,  денес по добиениот чек, се упатија во салон за автомобили да разгледаат нов автомобил со кој, можеби ќе се подноват.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 37 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 55.184.339 денари. Покрај нив, освоени се и 4978Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 37.330.582 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари

Промовирани огласи »

Samsung Mobile покрај новиот смартфон Galaxy S8 претстави и нов хедсет кој совршено ќе одговара на неговите димензии, заедно со нов контролер кој е помал, но подинамичен и со попрецизни команди.

За таа цел Samsung го прикажа и првото hands on видео за тоа како функционира новиот виртуелен систем за видео игри на Galaxy S8. Инаку Gear VR системот ќе биде бесплатен и заедно во пакет со смартфонот ќе им биде испорачан на корисниците.

Промовирани огласи »

Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, решила да направи своја компанија преку која ќе продава свежи салати.

Нејзината компанија се вика „Летни свежи салати “ (Summer fresh salads inc) и специјално е направена за гладни луѓе кои немаат многу време за јадење, а сакаат да се хранат здраво. Бидејќи Сузан има дипломирано хемија, воопшто не и било проблем преку хемиски процеси да ги задржи салатите свежи и квалитетни и по неколку дена.

Кога Сузан и нејзината мајка ја отвориле компанијата се наоѓала во едно мало просторче во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантско здание од кое со зеленучук се снабдуваат Канада и Северна Америка.  Во „Летни свежи салати“ има 300 вработени и библиотека со преку 3000 рецепти за нивните производи.

Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега  има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.

Таа заедно со најуспешните македонски бизнисмени од земјава, но и од дијаспората е член на одборот во „Македонија 2025“- асоцијација на бизнисмени и професионалци

„Го напуштив светот на корпорациите и по дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжињер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја“- вели Сузан

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи на 12 април ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници.

Се нудат автомобили со почетни цени од 1.000 евра нагоре, телевизори со почетни цени од 50 евра нагоре, машини за шиење, товарни моторни возила, компјутери, монитори, телефони, бироа, маси и столици, различни алати и друго.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »