Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи на 12 април ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници.

Се нудат автомобили со почетни цени од 1.000 евра нагоре, телевизори со почетни цени од 50 евра нагоре, машини за шиење, товарни моторни возила, компјутери, монитори, телефони, бироа, маси и столици, различни алати и друго.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени ТУКА.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk имаше чест да разговара со Бојана Стојменовска, основач на саемот Паратисима Скопје. Имавме можност да се запознаеме и со проектните координатори Горјана Јордановска и Кристина Лазановска, како и со организаторите/соработниците Блашка Миева и Андреј Прошевски

Што е Паратисима Скопје?

Станува збор, пред сѐ, за културно-уметнички настан чиј полн назив е Интернационален саем на современа уметност Паратисима Скопје којшто е отворен за сите автори, уметници и креативци од целиот свет.

На Паратисима Скопје досега учествувале над 300 независни автори кои потекнуваат од 32 земји, а 33 од нив биле наградени со учество на настанот во Торино, Италија додека во соработка со локални галерии остварени се 8 независни авторски изложби.

Паратисима Скопје е поинаква од другите саеми на уметност по тоа што за учество на саемот нема селекција – односно секој, од секаде, што аплицира за учество станува дел од поставката.

Поставката е поделена на два дела – ликовна поставка која оваа година е во кураторство на Мира Гаќина и поставка за мода и дизајн за која е одговорен Драган Христов – Лудус.

Бидејќи за учество на саемот нема селекција, на крајот од секое издание се прави селекција на околу 10 автори учесници кои ги избира тричлено жири со различна професионална позадина.

Од кога постои настанот Паратисима на глобално ниво а од кога кај нас?

Во моментов Паратисима се одржува во Торино (Италија), Скопје (Македонија), Лисабон (Португалија) и Каљари (Италија) – сите овие настани се независно организирани, но припаѓаат на и ја сочинуваат глобалната мрежа Paratissima International (http://paratissima.international/).

Настанот кој прв пат се одржал во Торино (Италија) е започнат пред 13 години како реакција на дотогашните елитистички и затворени настани за уметност и креатива – отворајќи нови и еднакви можности за сите чинители на културно уметничката сцена и овозможувајќи простор за индивидуален развој и промоција на авторите, но и колективен влог во градењето на сцената.

Во 2014 година за прв пат во Македонија се организираше Паратисима Скопје и оттогаш се одржува еднаш во годината.

Каде ќе се одржува и колку ќе трае овогодинешната Паратисима?

Четвртото издание на Паратисима Скопје ќе се одржи од 15 – 17 јуни во Младинскиот културен центар. Програмата, покрај поставката на ликовна уметност, дизајн и мода ќе вклучи голем број дополнителни содржини помеѓу кои и работилници за професионален развој во креативните сектори, концертни настапи, перформанси, дегустации и детска програма.

Кој сѐ може да учествува на настанот? 

На Паратисима Скопје може да учествуваат сите уметници и креативци без разлика на академската позадина, искуството, возраста, потеклото и формата на изразување. Саемот е отворен за визуелни уметници, перформанси, дизајнери, архитекти, фотографи, модни дизајнери, режисери и музичари.

Што најчесто изложуваат уметниците?

Во досегашните три години постоење на Паратиисма Скопје, најголемиот дел од пријавените автори се активни во полето на визуелната уметност, но од година в година се поголем е бројот на автори кои храбро одлучуваат да експериментираат со мултимедијалноста и се претставуваат со впечатливи инсталации, перформанси и иновативни форми на изразување. Паратисима Скопје ги охрабрува сите заинтересирани учеснници да посегнат кон можноста за експериментално изразување и иновативниот пристап кон уметноста, употребувајки ги новите современи медиуми.

Дали настанот има и натпреварувачки карактер?

Не би можеле да кажеме дека настанот има натпреварувачки карактер, но сепак учесниците целат кон тоа да се издвојат, потврдувајќи го својот уметнички и креативен квалитет. На тој начин тие се здобиваат со зголемена публика, препознатливост, промоција на нивната работа и можност да бидат селектирани од страна на тричленото жири на Паратисима Скопје.

Младите уметници имаат можност да бидат претставени на Паратисима. Како овој настан може да им помогне во нивната професионална кариера?

Навистина е важно и потребно младите уметници да ја искристат можноста и достапноста за изложување и себе-промоција која ја нуди Паратисима Скопје за оттаму да стекнат нови познанства, да отворат нови соработки и да бидат препознаени не само од пошироката јавност туку и од своите етаблирани колеги, куратори, критичари и националните и интернационалните институции со кои саемот соработува.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ:

Официјален веб сајт: http://paratissimaskopje.mk/ 

Видео извештај од 2016 година: https://www.youtube.com/watch?v=pNxhJNCcGqA и https://www.youtube.com/watch?v=yzaxN_R6mPM

Фејсбук страна: https://www.facebook.com/paratissimaskopje/

Youtube профил: https://www.youtube.com/channel/UCs7WQZ3rixqabQZ9A_B3L7w

Промовирани огласи »

Дисплејот на најмалку една верзија од новите ајфони на Apple's ќе биде со некаква кривина, ако може да се верува на тврдењата дека Apple нарачал 70 милиони OLED дисплеи од Samsung што се заоблени или свитливи на некој начин.

Nikkei Asian Review, кој прв ја објави веста денес, наведувајќи извори блиски до синџирот за набавка на Apple, не даде повеќе детали за нарачката, но тврди дека екраните ќе бидат употребени за смартфон.

Се шират гласини дека Аpple ќе лансира три нови ајфони есенва: два со регуларен LCD дисплеј и една „premium“ варијанта што ќе има заоблен или свитлив ОLED дисплеј.

Според обемот на наводната нарачка, Apple очекува оваа верзија, што наводно ќе биде и поскапа од вообичаениот iPhone, да се продава прилично добро.

Nikkei Asian Review исто така објави дека новите ајфони ќе имаат бежично полнење и сите три ќе бидат водоотпорни. ИСто така, најмалку еден модел наводно ќе има 3D сензор со вграден софтвер за препознавање лица.

Во однос на големината, Nikkei Asian Review тврди дека  двата ајфони со LCD дисплеј ќе бидат со димензии од 4,7 и 5,5 инчи (како iPhone 7 и iPhone 7 Plus), а премиум варијантата ќе има OLED дисплеј од 5,2 инчи.

Промовирани огласи »

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ги донираше првите три месечни плати, во висина од 78 333 долари, на службата за национални паркови, која е во надлежност на секретаријатот за внатрешни работи.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер му предаде чек на секретарот Рајан Зинкеу, кој наведува дека е воодушевен со одлуката на Трамп.

Според неговите зборови, парите ќе се вложат во инфраструктурата во националните паркови.

Трамп, откако е избран за претседател, вети дека ќе се откаже од претседателската плата во висона од 400 000 долари, но бидејќи според законот мора да биде платен, тие пари ќе ги донира.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »