сабота, 8 април 2017
НОВ ПРИСТАП - НОВИ ОДГОВОРИ
Ако мислите дека заслужувате малку време и внимание за себе, повелете на работилницата за лична стратегија со помош на алатките Points-of-You® (The Coaching Game). Затоа што нема подобар момент од сега - за да застанете, да се запрашате што ви е најважно во овој момент и во која област од животот треба да дејствувате за да имате најбрза позитивна промена.
Дојдете да си поставите важни прашања за себе и за сопствениот живот, на еден поинаков начин, забавен и инспиративен, а, сепак длабок и моќен. Дознајте што ви е важно сега и во иднина. Од некои поинакви перспективи согледајте ги личните предизвици, успеси и новите цели, а тоа ќе ве поттикне на нови начини на размислување и на нови согледувања и идеи, и ќе ве охрабри на акција.
Една од клучните основи на методологијата Points-of-You® е интеграцијата на левата страна на мозокот, задолжена за анализа, и на десната страна на мозокот, задолжена за интуиција и емоции. Фотографиите што ги користиме во овој процес на работа на себе, ја отвораат и поттикнуваат нашата креативна страна, додека со помош на зборовите кои ги опишуваат темите на кои работиме, истовремено се активира нашиот аналитички ум.
Може да работите на која било тема – деловна или приватна (меѓучовечки односи, комуникација, деловна стратегија, тимска динамика, партнерски однос, интимна врска, родителство, здравје, професионална кариера или која било друга тема) која ни е ВАЖНА, која сакаме подобро да ја разгледаме во овој момент од нашиот живот и за која сакаме да донесеме потребни одлуки.
Работилницата се одвива во мали групи, во пријатен и модерен простор, со кафе и освежување.
Котизација: 1800 ден. (ДДВ е вклучен)
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2 Скопје
Сабота, 08.04.2017
10:00 - 14:30 часот
Пријавување на:
Ана Јорданоска: 070 944 179 и (02) 6 092 630
[email protected]
Пријавувањето е до 06.04.2017
За тренерот
Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths методологија) и обучен тренер за алатката Points-of-You®.
Таа е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции, како што се McCann-Erickson, London School of Public Relations, сектор за комуникации на ООН и др. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, со цел нивно растење и зголемување на нивните можности, работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и јакнење на нивните внатрешни ресурси.