Промовирани огласи »

Ќе има нов скок на цената на златото. 

Eкономистите во САД прогнозираат дека златото ќе биде победник, без разлика кој ќе биде идниот претседател. 

Џејмс Растех, директор на техничкиот оддел на крајбрежниот капитал, за CNBC, изјави дека фискалната и монетарната политика остануваат скоро идентични, без оглед под чие водство ќе биде Америка. 

Растех објасни дека фискалните стимулации, државните трошоци или намалувањето на даноците обично доведуваат до поширок дефицит, што ги охрабрува инвеститорите да ги вложат своите пари во побезбедни средства како што е златото.

Ова води кон раст на цената на златото.

Цените на златото драстично се зголемија и достигнаа рекордни високи нивоа на почетокот на пандемијата, но побарувачката за благородниот метал падна во последниот квартал на 2020 година. 

Економистите објаснуваат дека рударите на злато сега трошат повеќе капитал на потрага по ново злато, но квалитетот на новооткриениот благороден метал е многу помал.

Во светот резервите со злато се трошат. 

Се верува дека во светот има уште 20 отсто од резервите на злато, кои засега не се ископани од рудниците. 

Производството во рудниците за злато лани изнесуваше вкупно 3.531 тони, што е за еден процент помалку од претходната година. Со овие податоци расплага Светскиот совет за злато.Изборите во САД придонесоа вчера доларот да скокне во однос на еврото. 

Промовирани огласи »

Падот на економијата годинава ќе биде 4,9 oтсто. 

Европската комисија ја коригираше стапката на пад на бруто домашниот производ во Македонија.

Во пролет излегоа со прогноза која предвидуваше пад од -3,9 осто од БДП, а сега падот на БДП се проектира на -4,9 отсто. 

Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ.

За 2021 година се предвидува раст на БДП за 3,8 отсто, а за 2022 година 3,5 отсто.

ЕК предвидува дека невработеност во земјава ќе остане стабилна. 

Државниот долг најверојатно ќе надмине 50 отсто од БДП, и тој ќе порасне идната година. 

Поради пандемијата многу граѓани ги изгубија работните места. 

Деновиве од угостителскиот сектор најавија дека се можни затворања и откази. 

Промовирани огласи »

МојДДВ #МојаНаграда: Извлечени 15-те добитници на 20.000 денари

Проверете дали сте и вие еден од нив

Вчера се одржа деветтото месечно извлекување на 15 награди од 20.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

На главното извлекување на 19 декември, пак, ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Ова се добитниците: Ивана Митрески – Неготино, Весна Стаменковска Митковска – Скопје, Станко Јовановски – Македонска Каменица, Татјана Гнип Катароска – Прилеп, Ѓоре Гиновски – Охрид, Габрјела Николиќ – Скопје, Нели Нелковска – Ресен

Неџмије Алиу – Тетово, Татјана Руневска Ѓоргиевска – Скопје, Сања Станишковска – Куманово, Александра Смилевска – Скопје, Игор Цветковски – Скопје, Марко Наумовски – Скопје, Елена Катранова – Велес, Ивана Митковска – Теовска – Скопје.

Промовирани огласи »

Грција ќе оди во едномесечен целосен карантин?

30 дневен карантин за справување со ситуацијата

Епидемиолозите и предложија на грчката влада да воведе 30 дневен карантин во целата држава, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас говорејќи вечерва за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

–ПРЕПОРАКАТА НА КОМИСИЈАТА НА ЕПИДЕМИОЛОЗИ ДО ВЛАДАТА Е LOCKDOWN ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ. ПРЕМИЕРОТ НА ЗЕМЈАТА, ЌЕ ИЗЛЕЗЕ УТРЕ СО СООПШТЕНИЈА, ОЧИГЛЕДНО ЗЕМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД ОВАА ПРЕПОРАКА, РЕЧЕ КИКИЉАС.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, утре напладне ќе излезат со соопштенија за справување со епидемијата, а ќе одговараат и на новинарски прашања.

Во Грција денеска беа регистрирани рекордни 2.646 нови случаи.

Извор:МИА

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »