Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска објави дека во насока на прифатената иницијатива на Владата недела да биде неработен ден, изминатите денови ресорот има интезивни работни средби со претставници на сите засегнати страни со цел да се подготви законското решение.

„Синдикатите, Стопанските комори, Организација на работодавачи со кои заедно со претставници од Министерствата за економија, финансии, информатичко општество, разговаравме и ги отворивме сите прашања, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение.

Во таа насока беше и денешната средба со претставникот од Независната угостителска комора со цел да се слушне и мислењето на угостителите во однос на ова прашање.

Иницијативата недела -неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности.“, напиша Шахпаска на Фејсбук.

Министерката проачува дека сепак во денот недела исклучоци во некои ситуации ќе мора да има, што ќе бидат пропишани со овој закон, а тоа ќе се однесува, како пто вели таа, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството.

Промовирани огласи »

Биткоинот постојано се сметаше за неуспешен проект, но во последните неколку недели, најстарата и најголема криптовалута во светот повторно зајакна поради надежите за нагло зголемување на побарувачката, велат аналитичарите.

На почетокот на коронакризата, биткоинот се сметаше дека е голем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади американски долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше до границата од десет илјади долари, до пред неколку недели, пишува Дојче веле.

Во меѓувреме, најважната криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта, туку нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти од почетокот на септември. Само во октомври, биткоинот доби вредност од околу 30 проценти, пренесува СЕЕбиз.

Аналитичарот Тимо Емден вели дека поради неизвесниот изборен резултат во САД и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори прибегнале кон криптовалути.

Тој смета дека на овој начин, инвеститорите сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата.

Исто така, крипто-валутите во моментов се повеќе се тема на разговор на ниво на централните банки. На пример, Европската централна банка (ЕЦБ) е скептична во однос на биткоинот, но размислува за воведување на дигиталното евро.

Промовирани огласи »

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) носи поскапување на цените на нафтените деривати во нашата земја во просек за 3,11 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката од минатата недела.

Според ова, цената на бензинот Еуросупер БС-98 се поскапува за еден денар по литар гориво, додека бензинот Еуросупер БС-95 ќе поскапи за денар и половина. Иста ќе биде ситуацијата и со Еуродизел кој поскапува за 1,50 денари.

Во согласност со ова, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-98 ќе точиме по цена од 61,50 денари за литар гориво, Еуросупер БС-95 ќе чини 60 денари, додека Еуродизел ќе се продава по 51 денар по литар гориво.

Промовирани огласи »

Како што најави министерот Бектеши, министерството за економија денеска почнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со здравствената криза. Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Според она што беше истакнато на денешната прес-конференција, петте мерки се: Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, Грантови за туристички агенции, Грантови за категоризирани ресторани за свадби, Грантови за игротеки, и Грантови за лиценцирани туристички водичи.

-За реализација на сите пет мерки Министерството за економија со ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од 459,65 милиони денари денари, односно 7,5 милиони евра. Рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината, истакна Бектеши.

Со цел почитување на сите здраствени протоколи, потенцира, реализацијата на мерките ќе се спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk на која апликантите ќе можат да ги поднесат нивните барања и потребна документација онлајн. На платформата се прикачени и јавните повици и програмите, но исто така Министерството за економија ќе одговори на сите прашања поврзани со мерките преку Секторот за туризам. Веродостојноста на податоците ќе се проверува преку надлежните институции како што се Министерство за финансии УЈП, Агенцијата за вработување, како и Државен пазарен инспекторат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »