Промовирани огласи »

Одлуки за воведувањето брз автобуски превоз во Град Скопје и за реконструкција на Универзалната сала се донесени на 21-та седница на Владата. 

„Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток - центар - запад“ и „југ – центар- север“, намалување на  времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот“, информираат од Владата. 

Владата денеска ја донесе и Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со која се издвојуваат 120.000.000 денари за Град Скопје, како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала – Скопје.

Промовирани огласи »

Илон Маск стана третиот најбогат човек на светот откако вредноста на акциите на „Тесла“ порасна за 13% по нејзиното придружување на берзата на 500-те водечки американски компании.

Се верува дека ова го зголемило богатството на Маск за 15 милијарди долари, па тоа сега изнесува 117,5 милијарди. Според индексот на „Блумберг“, тој го презеде третото место на листата од Марк Закерберг, кој „тежи“ 106 милијарди долари.

Маск поседува 20% од акциите на „Тесла“, чија вредност порасна за 500% од почетокот на годината, а неговото богатство за околу 90 милијарди долари. Тој исто така е основач на ракетната компанија „Спејс Екс“, која утрово донесе четири астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Маск ќе добие рекорден бонус од 55,8 милијарди долари доколку „Тесла“ стане компанија од 650 милијарди долари до 2028 година. Таа моментално има пазарна вредност од околу 400 милијарди, со што е број еден меѓу автомобилските компании, иако произведува мал број автомобили. Се очекува „Тесла“ да испорача 500.000 возила оваа година, наспроти десетте милиони на „Тојота“.

Единствените побогати луѓе од Маск сега се Џеф Безос (184 милијарди) и Бил Гејтс (129).

Промовирани огласи »

Во Собранието стаса законот за финансиска поддршка на граѓаните – предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник. Кога ќе се стаса со ова законско решение е непознато, затоа што материјалот само што е пратен во собраниските служби, но во него стои дека парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Фактор ви открива детали од законот – парите ќе легнуваат на сметка во банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Ако нема сметка во банките кои со Владата потпишала договор тогаш лицето корисник на помош ќе треба да отвори сметка во таква банка.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

На 26 ноември ќе се одржи 6 FMCG Summit 2020, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Станува збор за најголемиот трговски настан во Македонија, кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има над 350 посетители. Годинава истиот ќе се одржи онлајн и ќе може да се следи бесплатно само на 26 ноември.

Ексклузивен гостин - говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa „гуру за реинвенција“ и „кралица на повторното откривање“.

Говорници се:

- Антонио Зрилиќ, експерт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата „Логико“

-Кина Демирел, директорза маркетингкомуникација и CRM воMigros Ticaret A.Ş.

-Иван Крушковиќ, SEFF CommercialLeader Adriatic's во „Нилсен“

-Митка Мојсовска, финансов директoр на"КОЛА" Скопје

-Ана Јелачиќ, партнер и сениор фасилитаторDesignThinkers Academy Adriatic

-Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“,БиХ

-Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант и поранешен директор за набавка во Mercator S и Delhaize

-Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY

-Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија.

Пријавете се БЕСПЛАТНО на следниов линк http://fmcg-summit.mk/#service

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »