Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2020 година (недела), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Во продлжение погледенете ја листата на неработни денови за 2021 година – Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), Министерството за труд и социјлана политика го објави календарот на неработни денови за 2021 година.

За сите граѓани на РМ:
1 јануари (петок), Нова Година

7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар

1 мај (сабота), Ден на трудот

3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители

2 август (понеделник), Ден на Републиката

8 септември (среда), Ден на независноста

11 октомври (понеделник), Ден на народното востание

23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба

8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед:
6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ

19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)

30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:
5 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци

25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:
20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (среда), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Одлуки за воведувањето брз автобуски превоз во Град Скопје и за реконструкција на Универзалната сала се донесени на 21-та седница на Владата. 

„Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток - центар - запад“ и „југ – центар- север“, намалување на  времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот“, информираат од Владата. 

Владата денеска ја донесе и Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со која се издвојуваат 120.000.000 денари за Град Скопје, како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала – Скопје.

Промовирани огласи »

Илон Маск стана третиот најбогат човек на светот откако вредноста на акциите на „Тесла“ порасна за 13% по нејзиното придружување на берзата на 500-те водечки американски компании.

Се верува дека ова го зголемило богатството на Маск за 15 милијарди долари, па тоа сега изнесува 117,5 милијарди. Според индексот на „Блумберг“, тој го презеде третото место на листата од Марк Закерберг, кој „тежи“ 106 милијарди долари.

Маск поседува 20% од акциите на „Тесла“, чија вредност порасна за 500% од почетокот на годината, а неговото богатство за околу 90 милијарди долари. Тој исто така е основач на ракетната компанија „Спејс Екс“, која утрово донесе четири астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Маск ќе добие рекорден бонус од 55,8 милијарди долари доколку „Тесла“ стане компанија од 650 милијарди долари до 2028 година. Таа моментално има пазарна вредност од околу 400 милијарди, со што е број еден меѓу автомобилските компании, иако произведува мал број автомобили. Се очекува „Тесла“ да испорача 500.000 возила оваа година, наспроти десетте милиони на „Тојота“.

Единствените побогати луѓе од Маск сега се Џеф Безос (184 милијарди) и Бил Гејтс (129).

Промовирани огласи »

Во Собранието стаса законот за финансиска поддршка на граѓаните – предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник. Кога ќе се стаса со ова законско решение е непознато, затоа што материјалот само што е пратен во собраниските служби, но во него стои дека парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Фактор ви открива детали од законот – парите ќе легнуваат на сметка во банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Ако нема сметка во банките кои со Владата потпишала договор тогаш лицето корисник на помош ќе треба да отвори сметка во таква банка.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »