Промовирани огласи »

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека службените патувања по короната најверојатно ќе бидат намалени за дури 50 проценти, а исто така верува дека ќе поминуваме 30% помалку време во канцеларијата.

Тој додава дека за многумина секогаш ќе постои начин да се работи од дома, пишува CNBC.

Сепак, тој посочува дека не сите компании прават еднакви напори да им овозможат на вработените да работат од далечина, истото е и со состаноците, кои не мора секогаш да се одржуваат во живо, за да бидат ефикасни.

Гејтс исто така истакна дека неговиот деловен распоред сега е многу поедноставен, во споредба со оној пред корона-кризата, бидејќи тој не може и не мора да патува толку многу. Од почетокот на пандемијата на „Ковида-19“, неговата фондација активно работи на наоѓање вакцина против вирусот корона. Еден од најголемите технолошки генијалци, исто така, изјави за Business Insider дека не ги разбираат луѓето кои не носат маски.

Што се тие, божем се некои нудисти? Се прашуваше Гејтс.

Пандемијата, патем, ги уништи аеродромите ширум светот и драстично ја намали побарувачката за авионски патувања. Туризмот, исто така е значително погоден и веројатно ќе требаат години за сè да се врати на нивото од 2019 година.

Промовирани огласи »

Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Предлог законот стигна во Собранието, но не е ставен на дневен ред ни наредната недела. Во него стои дека лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на трансакциската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од  5 дена по влегување на законот на сила. Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши  уплатата, Генералниот секратаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални работи во рок од 12 дена.

За лицата пак,  кои ќе поднесат приговор, Ген секратаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките во рок од дваесет дена.

Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната Купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласување на законот.

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги. Помошта треба да се искористи  до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во септември просечната нето плата изнесувала 27.405 денари.

Таа е за 7,7 отсто повисока во однос на септември лани, а просечната бруто исплатена плата е 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во Преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во Дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.

Зголемување на исплатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 10,7  отсто, Уметност, забава и рекреација за 10,6 и Дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 отсто.

Според статистичките податоци, дејност што има најниска просечна плата, помала од 20.000 денари, е заштитни и истражни дејности со 16.587 денари. 

Меѓу дејности чија просечна исплатена нето плата во септември не надминува 20.000 денари се и рибарство и аквакултура со 17.442 денари, дејности за подготовка на оброци и служење на храна со 17.684 денари, услуги поврзан со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со 17.819 денари, туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив со 17.966 денари, објекти за сместување со 19.224 денари и производство на мебел со 19.559 денари.Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година, изнесувала 27.535 денари.

Промовирани огласи »

Во тек е исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тримесечје односно за месеците јули, август и септември.

Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ. Сепак дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките.

УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците Управата треба да им исплати речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »