Промовирани огласи »

Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура, е основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.

Ова за новиот закон на својот фејсбук профил го напиша министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште, да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот“. 

Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот престој за жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца, жените жртви на сексуално насилство и силување, жртвите на трговија со луѓе, жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, посочува таа, се во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенција.

Како што вели министерката, законот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, да ги заштитат жртвите и да придонесат за нивна реинтеграција во системот.

Промовирани огласи »

Шефот на американската програма за брз развој на вакцината за коронавирус, д-р Монсеф Слауи, рече дека првата вакцинација во САД може да започне на 12 декември, пренесува АП.

Советничкиот одбор на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) треба да го разгледа барањето на „Фајзер“ за одобрување на итна употреба на вакцината на таа компанија против Ковид-19 на состанокот на 10 декември.

„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бајонтек“ неодамна објавија дека, според клиничките испитувања, нивната вакцина е 95% ефикасна во спречување на лесни до тешки случаи на инфекција со коронавирус.

Слауи за кабелската мрежа Си-Ен-Ен изјави дека испораката на вакцини до американските држави е планирана во рок од 24 часа од очекуваната позитивна одлука на управата.

Тој додаде дека очекува вакцинацијата да започне на вториот ден по одобрувањето за итна употреба на вакцината, на 12 декември и дека вакцините ќе бидат доставени врз основа на популацијата на секоја земја. Државите одлучуваат кој прв ќе ја прими вакцината, но се препорачува тоа да бидат здравствени работници и стари лица.

„Фајзер“ очекува да има доволно дози за да заштити 25 милиони луѓе до крајот на годината.

Бројот на случаи со коронавирус во Америка надмина 12 милиони и за прв пат се зголеми за повеќе од еден милион за помалку од една недела. Рекорден е бројот на Ковид-19 пациенти во болниците низ целата земја, а болеста однесе најмалку 255.000 животи во Америка, пренесува Ројтерс.

„Се соочуваме со многу тежок бран на коронавирус низ САД и на глобално ниво“, изјави за Ен-Би-Си д-р Ентони Фаучи, водечки американски експерт за инфективни болести.

Промовирани огласи »

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека службените патувања по короната најверојатно ќе бидат намалени за дури 50 проценти, а исто така верува дека ќе поминуваме 30% помалку време во канцеларијата.

Тој додава дека за многумина секогаш ќе постои начин да се работи од дома, пишува CNBC.

Сепак, тој посочува дека не сите компании прават еднакви напори да им овозможат на вработените да работат од далечина, истото е и со состаноците, кои не мора секогаш да се одржуваат во живо, за да бидат ефикасни.

Гејтс исто така истакна дека неговиот деловен распоред сега е многу поедноставен, во споредба со оној пред корона-кризата, бидејќи тој не може и не мора да патува толку многу. Од почетокот на пандемијата на „Ковида-19“, неговата фондација активно работи на наоѓање вакцина против вирусот корона. Еден од најголемите технолошки генијалци, исто така, изјави за Business Insider дека не ги разбираат луѓето кои не носат маски.

Што се тие, божем се некои нудисти? Се прашуваше Гејтс.

Пандемијата, патем, ги уништи аеродромите ширум светот и драстично ја намали побарувачката за авионски патувања. Туризмот, исто така е значително погоден и веројатно ќе требаат години за сè да се врати на нивото од 2019 година.

Промовирани огласи »

Државната помош од 6.000 денари пензионерите, самохраните родители, невработените и младите до 29 години, ќе треба да ја искористат за неколку дена, откако ќе им легнат парите. Предлог законот стигна во Собранието, но не е ставен на дневен ред ни наредната недела. Во него стои дека лицата со месечни примања под 15 илјади денари, евидентирани во ПИОМ до 27 октомври ќе добијат помош на трансакциската сметка во банката, со која ќе потпишат договор во рок од  5 дена по влегување на законот на сила. Конечната листа на корисници пак, со име, презиме и банка каде ќе се врши  уплатата, Генералниот секратаријат ќе ја објави на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од 8 дена по стапување на сила на законот, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјални работи во рок од 12 дена.

За лицата пак,  кои ќе поднесат приговор, Ген секратаријат ќе им одговори и ќе достави конечна листа до банките во рок од дваесет дена.

Со овие пари граѓаните нема да можат да купуваат каде сакаат, туку само во објектите кои ќе се регистрираат на интернет страната Купувам домашно, во рок од 5 дена по изгласување на законот.

Парите нема да може да се подигнат во кеш и со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на фирми кои нема да се пријават како даватели на услуги. Помошта треба да се искористи  до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »