Промовирани огласи »

Black Friday во НЕПТУН – Пристигнаа најголемите попусти во годината!

Black Friday акција во НЕПТУН од 23-30.11.2020г.! Пристигнаа најголемите попусти во годината со супер понуди, големи заштеди и до 60 рати! За време на оваа голема акција потрошувачите ќе може да уживаат во шопингот! Во НЕПТУН продавниците ширум Македонија и онлајн на www.NEPTUN.mk потрошувачите може да најдат одлични понуди и најголем избор на производи од сите категории. Со оваа акција во фокус се купувачите и целта e да заштедат повеќе со секоја купопродажба во НЕПТУН. Покрај големите заштеди на сите промо производи, членовите на широко познатата “Neptun haPPy” лојална програма добиваат и наградни поени кои подоцна може да ги користат за следна купопродажба.

Купувачите може да изберат од најголемиот избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за “Neptun - Black Friday”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Земјите во развој следната година ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина КОВИД-19 во „мамутска операција“, соопшти УНИЦЕФ.

Агенцијата на ООН објави дека соработува со 350 авио и логистички компании за доставување потребни вакцини во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од COVAX глобалниот план за дистрибуција на вакцини на Светската здравствена организација (СЗО).

„Соработуваме во оваа област со цел да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

Целта на COVAX, проект заеднички предводен од СЗО, групата GAVI и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност, е да спречи одделни земји да натрупаат вакцини за COVID-19 само за себе  и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји во светот.

Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г-20 виртуелниот состанок во сабота и недела ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови, за да не останат изоставени сиромашните земји.

Дури и пред да започне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите, бидејќи околу 20 милиони бебиња не можеа да добијат вакцини што ќе ги заштитат од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.

„Потребна ни е целосна достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози редовни вакцини секоја година во скоро 100 земји.

Здравствените регулатори се очекува да ги одобрат првите вакцини за коронавирус до крајот на оваа година.

Промовирани огласи »

Дали сте подготвени за добар шопинг? Ние сме!

Се ближи омилениот празник на сите зависници од шопинг и попусти- Black Friday. По тој повод, во период од 23.11 до 29.11, Ramstore Mall за своите најверни посетители овозможи цела недела неверојатни попусти.

Израдувајте се себеси или вашите најблиски со подарок од некоја од нашите продавници. Долгопосакуваното модно парче, книга од вашиот омилен писател, апарат за домаќинство, нов парфем... Составете си листа на желби и посетете нè, сè што ви треба ќе најдете тука.

Не заборавајте дека мора да се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19 – носење маска, дезинфицирање на раце, држење дистанца.

Ве очекуваме на уште едно незаборавно шопинг искуство, ве очекуваме во Ramstore Mall.

Промовирани огласи »

Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура, е основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.

Ова за новиот закон на својот фејсбук профил го напиша министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште, да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот“. 

Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот престој за жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца, жените жртви на сексуално насилство и силување, жртвите на трговија со луѓе, жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, посочува таа, се во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенција.

Како што вели министерката, законот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, да ги заштитат жртвите и да придонесат за нивна реинтеграција во системот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »