Промовирани огласи »

Земјите во развој следната година ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина КОВИД-19 во „мамутска операција“, соопшти УНИЦЕФ.

Агенцијата на ООН објави дека соработува со 350 авио и логистички компании за доставување потребни вакцини во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од COVAX глобалниот план за дистрибуција на вакцини на Светската здравствена организација (СЗО).

„Соработуваме во оваа област со цел да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

Целта на COVAX, проект заеднички предводен од СЗО, групата GAVI и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност, е да спречи одделни земји да натрупаат вакцини за COVID-19 само за себе  и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји во светот.

Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г-20 виртуелниот состанок во сабота и недела ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови, за да не останат изоставени сиромашните земји.

Дури и пред да започне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите, бидејќи околу 20 милиони бебиња не можеа да добијат вакцини што ќе ги заштитат од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.

„Потребна ни е целосна достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози редовни вакцини секоја година во скоро 100 земји.

Здравствените регулатори се очекува да ги одобрат првите вакцини за коронавирус до крајот на оваа година.

Промовирани огласи »

Дали сте подготвени за добар шопинг? Ние сме!

Се ближи омилениот празник на сите зависници од шопинг и попусти- Black Friday. По тој повод, во период од 23.11 до 29.11, Ramstore Mall за своите најверни посетители овозможи цела недела неверојатни попусти.

Израдувајте се себеси или вашите најблиски со подарок од некоја од нашите продавници. Долгопосакуваното модно парче, книга од вашиот омилен писател, апарат за домаќинство, нов парфем... Составете си листа на желби и посетете нè, сè што ви треба ќе најдете тука.

Не заборавајте дека мора да се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19 – носење маска, дезинфицирање на раце, држење дистанца.

Ве очекуваме на уште едно незаборавно шопинг искуство, ве очекуваме во Ramstore Mall.

Промовирани огласи »

Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура, е основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.

Ова за новиот закон на својот фејсбук профил го напиша министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште, да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот“. 

Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот престој за жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца, жените жртви на сексуално насилство и силување, жртвите на трговија со луѓе, жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, посочува таа, се во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенција.

Како што вели министерката, законот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, да ги заштитат жртвите и да придонесат за нивна реинтеграција во системот.

Промовирани огласи »

Шефот на американската програма за брз развој на вакцината за коронавирус, д-р Монсеф Слауи, рече дека првата вакцинација во САД може да започне на 12 декември, пренесува АП.

Советничкиот одбор на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) треба да го разгледа барањето на „Фајзер“ за одобрување на итна употреба на вакцината на таа компанија против Ковид-19 на состанокот на 10 декември.

„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бајонтек“ неодамна објавија дека, според клиничките испитувања, нивната вакцина е 95% ефикасна во спречување на лесни до тешки случаи на инфекција со коронавирус.

Слауи за кабелската мрежа Си-Ен-Ен изјави дека испораката на вакцини до американските држави е планирана во рок од 24 часа од очекуваната позитивна одлука на управата.

Тој додаде дека очекува вакцинацијата да започне на вториот ден по одобрувањето за итна употреба на вакцината, на 12 декември и дека вакцините ќе бидат доставени врз основа на популацијата на секоја земја. Државите одлучуваат кој прв ќе ја прими вакцината, но се препорачува тоа да бидат здравствени работници и стари лица.

„Фајзер“ очекува да има доволно дози за да заштити 25 милиони луѓе до крајот на годината.

Бројот на случаи со коронавирус во Америка надмина 12 милиони и за прв пат се зголеми за повеќе од еден милион за помалку од една недела. Рекорден е бројот на Ковид-19 пациенти во болниците низ целата земја, а болеста однесе најмалку 255.000 животи во Америка, пренесува Ројтерс.

„Се соочуваме со многу тежок бран на коронавирус низ САД и на глобално ниво“, изјави за Ен-Би-Си д-р Ентони Фаучи, водечки американски експерт за инфективни болести.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »