Промовирани огласи »

А1 Македонија од денеска започна со Black Friday и распродажба на телефони преку онлајн каналите за продажба, A1 oнлајн продавницата и A1 Live Shop, а на корисниците им нуди смартфони и уреди со онлајн попуст и купување на рати.

Како дел од целосната онлајн понуда е и ексклузивниот A1 Alpha 20+ за 69 денари/месечно, како и новиот Xiaomi Realme достапен за месечна рата од 169 денари, со А1 Neon+. Целата понуда на телефони корисниците може да ја видат на официјалната веб страница на А1 Македонија на линкот.

Тоа што овој Black Friday го прави уште подобар е со избор на A1 Neon+ тарифниот модел, достапен ексклузивно преку A1 oнлајн продавницата или A1 Live Shop, корисниците може да добијат 30GB промотивен мобилен интернет, до 100GB Net Sef опција со можност за размена на неискористени GB, како и вклучена ноќна опција за неограничено сурфање од полноќ па сè до 6 часот наутро.   

Понудата е достапна и важи за нови и постоечки корисници на мобилни услуги на тарифните модели A1 Neon и A1 Neon+, кои ќе направат активација или обнова на корисничкиот договор преку еден од горенаведените канали за продажба, со договорна обврска од 24 месеци. 

Промоцијата Black Friday трае до 30ти ноември, а количините се ограничени.

Промовирани огласи »

Независната угостителска комора со денеѓното соопштение вели дека 20 милиони евра оваа Нова Година ќе останат непотрошени од компаниите за корпоративни празнични забави што ги организираат за своите вработени.

Затоа велат дека започнуваат со кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија, со која ќе ги поттикнат фирмите дел од својот планиран корпоративен буџет за предновогодишната забава да го пренаменат и да го инвестираат или донираат во угостителската индустрија или кај, како што наведуваат во соопштение,#МојотОмиленУгостител затоа што и тој #ЗаслужуваПоддршка.

-Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.Оставени сами на милост и немилост без конкретна и директна помош и поддршка што Владата можеше изминатите месеци да ја направи за нив, го чекаат денот кога ќе бидат доведени пред колапс и приморани трајно да ги затворат своите локали и да се откажат од своето минато, својот труд и својата иднина, тврди Здравко Јосифовски, претседателот на НУК.

Тој ги повикува фирмите кои традиционално своите предновогодишни прослави ги организираат кај одредени угостители, истите да ги поддржат и оваа година и да им помогнат, како што вели тој, на омилените угостителски објекти да опстанат оваа зима .

„Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител. Ги покануваат и сите останати фирми и индивидуалци кои можат и сакаат да се приклучат кон кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам на #МојотОмиленУгостител и опстанокот на угостителската индустрија“, додава Јосифовски.

Промовирани огласи »

Black Friday во НЕПТУН – Пристигнаа најголемите попусти во годината!

Black Friday акција во НЕПТУН од 23-30.11.2020г.! Пристигнаа најголемите попусти во годината со супер понуди, големи заштеди и до 60 рати! За време на оваа голема акција потрошувачите ќе може да уживаат во шопингот! Во НЕПТУН продавниците ширум Македонија и онлајн на www.NEPTUN.mk потрошувачите може да најдат одлични понуди и најголем избор на производи од сите категории. Со оваа акција во фокус се купувачите и целта e да заштедат повеќе со секоја купопродажба во НЕПТУН. Покрај големите заштеди на сите промо производи, членовите на широко познатата “Neptun haPPy” лојална програма добиваат и наградни поени кои подоцна може да ги користат за следна купопродажба.

Купувачите може да изберат од најголемиот избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за “Neptun - Black Friday”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Земјите во развој следната година ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина КОВИД-19 во „мамутска операција“, соопшти УНИЦЕФ.

Агенцијата на ООН објави дека соработува со 350 авио и логистички компании за доставување потребни вакцини во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од COVAX глобалниот план за дистрибуција на вакцини на Светската здравствена организација (СЗО).

„Соработуваме во оваа област со цел да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за снабдување на УНИЦЕФ.

Целта на COVAX, проект заеднички предводен од СЗО, групата GAVI и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност, е да спречи одделни земји да натрупаат вакцини за COVID-19 само за себе  и да обезбеди вакцини за сите најранливи групи во сите земји во светот.

Лидерите на 20-те најбогати земји во светот собрани на Г-20 виртуелниот состанок во сабота и недела ветија дека ќе обезбедат фер дистрибуција на вакцини, лекови и тестови, за да не останат изоставени сиромашните земји.

Дури и пред да започне пандемијата, пристапот до вакцината не беше ист за сите, бидејќи околу 20 милиони бебиња не можеа да добијат вакцини што ќе ги заштитат од сериозни болести, попречености или смрт, соопшти СЗО.

„Потребна ни е целосна достапна помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

И покрај сегашната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози редовни вакцини секоја година во скоро 100 земји.

Здравствените регулатори се очекува да ги одобрат првите вакцини за коронавирус до крајот на оваа година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »