Промовирани огласи »

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за учебната 2020/2021 година.

На веб-страницата на МОН се објавени резултати од конкурсите (клик ТУКА) за доделување сто стипендии за талентирани ученици, сто стипендии за талентирани ученици – спортисти и сто стипендии за ученици со посебни потреби од средните училишта, како и резултати од Конкурсот за доделување педесет стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта.

Обајвени се и резултати од Конкурсот за доделување стипендии за ученици во ДСУ Спортска академија за учебната 2020/2021 година, како и резултатите од шест конкурси за доделување по девет стипендии за средношколци од наставни програми од: земјоделско-ветеринарна струка, односно сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство; електро-техничка струка, односно сектор електро-техника; градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија; машинска струка, односно машински сектор; текстилно-кожарска струка, односно сектор текстил, кожа и слични производи и за наставни програми од угостителско-туристичката струка.

Во резултатите МОН ги објавува прифатените апликации, како и тие што се одбиени односно апликациите кои не се рангирани.

Промовирани огласи »

Во однос на септември, во октомври бројот на изгубените работни места е зголемен за 1.039. Овој број е релативно мал ако се спореди со претходните месеци, но треба да се има предвид дека од овој месец почна исплатата на помошта за плати за чие добивање еден од условите е да не се намалува бројот на вработените, а исто така се дозволува на работа да се вратат претходно отпуштените работници, пишува Вечер.прес. 

Во октомври за прв пат од почетокот на годинава Агенцијата за вработување регистрира раст на бројот и на пасивните баратели на работа. Во октомври како „други лица кои бараат работа“ се пријавени 85.932 граѓани, што е за околу 3,5 илјади повеќе отколку во септември. Причина за зголемување на бројот на оваа категорија евидентирани невработени е помошта од 6.000 денари за купување домашни производи и услуги што им следува со четвртиот пакет владини антикризни мерки. Претходно, во периодот од јануари до септември бројот на овие лица кои не се редовни на пазарот на труд падна за повеќе од 4.000, но во тој период тие не добиваа никакви бенефиции ниту од државата ниту преку Агенцијата за вработување.

Меѓу 153.799 невработени активни баратели на работа евидентирани до крајот на октомври има и 993 магистри и 30 доктори на науки. Октомврискиот прилив на невработени по разни основи за малку надминува 8.000, од кои за прв пат како невработени се пријавиле околу 1.400, а од евиденцијата на пасивни баратели во активни преминале 603 лица. Во октомври се регистрирани и 3.792 вработувања.

Промовирани огласи »

Дали се предвидува нова пандемија во светот и дали таа ќе се појави за 20 години, или можеби многу порано, за три? Бил Гејтс, основачот на американската компанија Мајкрософт, на неговиот поткаст разговараше со актерката Рашид Џонс и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, за пандемијата на коронарниот вирус и промените што ќе ги донесе Ковид-19.

Џонс го праша Гејтс дали човештвото ќе биде поразено од нова пандемија.

„Да, ќе имаме среќа ако тоа се случи за дваесет години“, рече Гејтс.

Тој исто така додаде и дека постои сценарио според кое нова пандемија може да се појави за три години. Сепак, вели, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемија. 

Или, како што очекува, дотогаш ќе се појават алгоритми, во согласност со кои ќе се воведе карантин, а системите за тестирање на потенцијалните носители на инфекцијата ќе се подобрат. „Нема да бидеме толку глупави следниот пат“, заклучи тој.

Промовирани огласи »

Три вакцини се во фаза на одобрување, а се очекува процесот да заврши до крајот на годината. Државата обезбеди 400 илјади вакцини или 800 илјади дози. Вакцинацијата пак би започнала во првото тромесечие од наредната година, објави slobodnaevropa.mk.

Одобрувањето на некоја од вакцините против Ковид-19 кои ја поминаа и третата клиничка фаза во испитувањето се очекува до крајот на годината, а Македонија ќе набави вакцини за 20 отсто од населението, како и останатите земји во регионот. Станува збор за 400 илјади вакцини или двојно повеќе дози, 800 илјади, бидејќи едно лице ќе треба да прими две дози од вакцината. Вакцините се обезбедени преку Ковакс механизмот за глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.

„Првата вакцина која ќе биде одобрена на пазарот ќе биде подеднакво дистрибуирана меѓу сите земји кои аплицирале преку Ковакс механизам. Во истиот момент кога ќе ја добијат вакцината најразвиените земји и ние ќе ја добиеме. Точно не се знае кога, но се очекува тоа да биде остварено на крајот на декември или јануари“, велат од Министерството за здравство.

Од министерството информираат и дека обезбедени се потребните финансии за набавка на вакцините. Владата неодамна ја усвои информација за склучување обврзувачки договор меѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини ГАВИ, за набавка на вакцините против Ковид-19 преку Ковакс механизмот.

Премиерот Зоран Заев пред една недела изјави дека за вакцините се планирани 390 милиони денари или 6,7 милиони евра. Авансот за нивна набавка, како што најави тој, ќе се уплати на почетокот на декември.

Три вакцини во игра

Професор доктор Александра Грозданова, која е претседател на Комитетот за имунизација вели дека две вакцини се во фаза на одобрување, односно таканаречената оксфордска вакцина на Астра Зенека и вакцината на Фајзер, кои поднеле документација за иницијална проверка на нивните податоци во Европската медицинска агенција. Според неа, веќе има најава и дека во американската агенција за храна и лекови ќе биде поднесена и документацијата за одобрување на вакцината која се развива во Бостон, од производителот Модерна.

„Овој административен процес зависи од неколку фактори. Меѓутоа во вакви околности во услови на пандемија и терапијата која што досега се одобруваше, вклучително и вакцините, административниот процес е ставен во одобрување по ургентна постапка така што најавите се дека веќе до крајот на декември би требало некој од овие кандидати доколку бидат задоволени ригорозните барања кои ги имаат медицинските регулаторни агенции дека би требало да очекуваме до крајот на годината одобрување за употреба на некои од овие вакцини“, вели таа.

Европската комисија, како што наведува Грозданова, веќе направи договори со неколку произведувачи, бидејќи количните кои се планирани и резервирани се огромни, односно 300 милиони дози.

„Динамиката, односно тајмингот кој што се очекува за пуштање на овие вакцини ќе биде од јануари и понатаму. Земјите во светот секаде се подготвуваат за овој процес на логистичко прифаќање на вакцините и спроведувањето на вакцинацијата. Но, сепак би оставила еден простор од еден до два месеци додека целиот овој процес се организира и додека почне дистрибуцијата што би значело дека идеално со активна вакцинација би почнале некаде во првото тромесечие од следната година“, додава Грозданова.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »