Промовирани огласи »

Германската компанија „Franz Kiel GmbH“ инвестира во Македонија и ќе отвори најмалку 250 работни места. Компанијата ќе произведува седишта за автобуси и за железница како соработник на Ван Хул.

Извршниот директор на компанијата Герхард Хелвек истакна дека во Македонија се одлучуваат да инвестираат поради стабилноста во индустријата и едукацијата на кадарот кој според него се основа за успех на компанијата.

Инвеститорот истакна дека ќе започнат со браунфилд инвестиција во тетовско Желино во постоечки објект кој е подготвен и со работа ќе започнат на 1 јуни оваа година со 60 вработувања во рамки на првата фаза.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека седиштата за автобусите за Ван Хул комплетно ќе се изработуваат во Македонија, а компанијата се надева дека ќе работи и за други произведувачи.

Промовирани огласи »

Според последните информации корпорацијата на Samsung во 2016 потрошила неверојатни 10 милијарди долари само за маркетинг што приближно изнесува колку три годишни буџети на Република Македонија.

Минатата година Samsung мораше да ја спасува ситуацијата по фијаското со Galaxy Note 7 фаблетот кој поради небезбедната батерија целосно беше повлечен од пазарот. Добар дел од овие 10 милијарди се потрошени токму за подобрување на перцепцијата за брендот на Samsung во јавноста.

Промовирани огласи »

Конечно, Македонците без ЕУ ПАСОШ можат лесно да најдат работа во Норвешка, Шведска и Германија. Сите огласи за вработување ќе можат да ги најдат на едно единствено место.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат стриктно со работодавецот. Во оваа скандинавска земја не постојат иселенички визи. Тоа значи дека доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови. Голем е бројот на Македонци што успеаја да заминат во Шведска на привремена или постојана работа. Голем дел од овие работници своите работни места ги пронајдоа на веб страницата https://ec.europa.eu/eures/page/index. На оваа веб страница се наоѓаат и огласи за во останатите земји од Европската Унија, како што се Германија, Словенија и слично.

Речиси е идентично да се замине и во Норвешка. Разликата во системите на Шведска и Норвешка е само нијанса, а она што ја прави оваа земја попривлечна е платениот 30 дневен одмор и скратеното дневно работно време кое изнесува 7,5 часа.

Во овие две земји дефицитарни се голем број на професии за кои многумина Македонци се спремни да ги работат. Како такви, се вбројуваат: стоматолози, сметководители, кувари, пекари, молери, градежни техничари и инженери, електроинженери, ИТ сектор, медицински сестри и лекари.

И оние кои сакаат да работат во Германија можат многу лесно да пронајдат вработување и тоа само со македонски пасош. Тоа може да се направи преку аплицирање на некој од огласите на веб страната http://jobboerse.arbeitsagentur.de/. И во Германија, исто како и во Шведска и Норвешка, тие се професиите кои се најдефицитарни, само што во Германија се бараат и лица за негување на постарите, водоинсталатери, електричари и електроничари.

Па, сакате да работите во странство? Не чекајте! Барајте работа!

Промовирани огласи »

Многу од нас доаѓаат нервозни од работа и многупати не се чувствуаат добро дури и по доаѓањето во својот дом - само поради стресот на работното место. Сепак ВИЕ можете да научите како да го надминете стресот на работното место и да бидете порелаксирани. За да го направите тоа, не е потребно да го смените начинот на живот. Можете да правите неколку мали нешта, кои ќе го подобрат вашето расположение и ќе ви ја зголемат енергијата.

1. Организирајте се

Анализирајте ги вашите дневни обврски и задачи. Распоредете ги рамномерно. Не се посветувајте само и единствено на работата. Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и социјалниот живот.

2. Излегувајте наутро 10-15 минути порано

Со тоа ќе си го намалите барем стресот кој го предизвикува брзањето, за да не задоцните.

3. Приоретизирајте ги задачите

Направете си список од сите задачи и подредете ги по важност. Оние задачи кои се поважни за вас, исполнете ги први.

4. Не бидете перфекционисти

Навистина е важно да давате сè од себе си на работното место, но не треба да претерувате. Ништо не е поважно од вашето здравје, па ни кариерата.

5. Спријателете се барем со некои колеги

Ако знаете дека до вас има колеги кои би ви помогнале кога сте под стрес, многу ќе бидете порелаксирани. Не заборавајте да ја вратите услугата, кога ќе им е потребна и нив вашата помош.

6. Внесете хумор во вашето секојдневие

Дури и на работа не можете и не треба да бидете сериозни преку целото време. Кога и да имате можност, пошегувајте се со колегите. Смеењето е најдобар лек против стрес.

7. Движете се

Практикувајте физичка активност од 30 минути барем 2 пати неделно. Со тоа ќе имате повеќе енергија, вашето расположение ќе се подобри и вие ќе се чувствувате позадоволни и поопуштени.

8. Консумирајте алкохол умерено и избегнувајте го никотинот.

Алкохолот краткотрајно го намалува стресот и напнатоста, но кога ќе претерате вознемиреноста се зголемува. Ако пиете за да го намалите стресот на работа, може да станете зависни. Исто така и пушењето може да ве смирува кога сте вознемирени, но потоа доведува до повисоко ниво на анксиозност.

9. Потрудете се да имате добар сон

Стресот и загриженоста може да предизвикаат инсомнија и обратно, недостатокот на сон ве прави посклони кон стрес. Кога сте поодморени, можете подобро да одржувате емоционална рамнотежа и со тоа да се борите против стресот.

10. Разговарајте за стресот со вашите блиски.

Тоа е добар начин да го намалите стресот, да погледнете на проблемите од друга перспектива и полесно да најдете нивно решение.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »