Промовирани огласи »

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, меѓудругото рече дека со законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа во секторите трговија, занаетчиство, туризам и угостителство, кои се под надлежност на неговиот ресор.

- Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите, рече Бектеши.

Министерот додаде дека под трговија на големо се мисли на големите супермаркети и магацини. Вели дека за нивното неработење во неделите има неколку опции кои Министерството за економија ќе ги испратиме на разгледување во Владата.

Бектеши додаде дека за угостителите и туристичките компании мислењето е дека не треба да се направат никакви законски измени во периодот што следува и дека тие ќе продолжат да работат и в недела.

Промовирани огласи »

Од вечерва на полноќ, цените на бензините ќе се зголемат по еден денар, додека цената на дизелот ќе се зголеми за денар и половина.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на максималните цени на горивата, од вечерва на полноќ цените се зголемуваат во просек за 2.57%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по еден денар за литар, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 53.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Зонско паркирање ќе има и во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2, откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање, соопшти Општина Карпош.

СДК пренесува дека локалната самоуправа утврдила дека во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места.

„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Промовирани огласи »

За увоз на струја досега потрошени над 3 милиони евра. Поради сушата АД ЕСМ во овој месец набавиле од странство над 60 илјади мегават часови, по просечна цена од 53 евра за мегават час, велат од компанијата.

- Напоменуваме дека целта на АД ЕСМ е во иднина, согласно законот за енергетика од 2018г и либерализирањето на пазарот за електрична енергија, преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд да го развива трејдингот, односно купувањето и продавањето на електрична енергија, во зависност од цената на струјата на берзите, се вели во дописот на АД ЕСМ.

Откако Владата одлучи да ја стопира работата на хидроцентралите поради празните акумуации, недостатокот на електрична енергија се  обезбедува од надвор.

Од друга страна метеролозите не најавуваат некој промени  и најверојанто увозот на струја ќе продолжи и во следните месеци.

Но дали тоа ќе повлече ново зголемување на цената, ќе се знае до средината на декември. До тогаш ќе важи шестмесечниот договор кој АД ЕСМ го има со Универзалниот снабдувач.

Во август цената на струјата се зголеми за 7,4 проценти, со образложение дека приходите на државните енергетки компании се намалени поради пандемијата, а неопходни се инвестиции во мрежата за да се обезбеди сигурно снабдување на домаќинствата со струја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »