Промовирани огласи »

Угур Сахин: Со вакцината на Фајзер и Бионтек почнува крајот на светската пандемија, се подготвуваме за голема испорака прво во Велика Британија.

Првиот човек на фармацевтскиот германски гигант „Биотек“, Угур Сахин, очекува дека по одобрувањето на засега единствената вакцина која ја има на светскиот пазар, посебно откако британските власти целосно ја побараа и дистрибуција, во интервју за Си-Ен-Ен посочува дека до сите региони во светот може да достават доволно дози од вакцината.

Додава и дека заедничкиот тим научници од двете компании ќе создадат и нова верзија на вакцината против Ковид-19, до крајот на следната година.

Во однос на одобрувањето на вакцината во Велика Британија, Сахин вели дека тоа е најава за крај на пандемијата.

-Ова е, се разбира, многу важна пресвртница, така што ова ќе биде прв пат луѓето надвор од клиничките испитувања да добијат пристап до нашата вакцина и веруваме дека тоа е навистина почеток на крајот на пандемијата. Се разбира, тоа е прва држава што овозможи авторизација и, најверојатно, ќе ја следат и други. Тоа е добар почеток, вели Сахин.

Инаку, во тек е голем логистички зафат како да се направи дистрибуцијата на првите 800.000 дози вакцини, кои во текот на следната недела треба да пристигнат во Велика Британија, бидејќи вакцината се чува на дури -70 степени. 

Промовирани огласи »

Исклучување од сообраќај и одземање на возилото во рок од три дена доколку истото е неисправно и одземање на возилото во рок од 90 дена доколку предизвика бучава или пак е нерегистирано. Ова го предвидуваат новите законски измени кои ги подготви Министерството за внатрешни работи, а веќе се собраниска процедура. 

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај ова предвидуваат и одземање на возачката дозвола и исклучување на возачот во сообраќајот. Во предлот законот кој е доставен до сообрание се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку:   управува со возило или што се обидува да управува со возило, ако е очигледно дека возачот е во таква психофизичка состојба, се утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол, ќе утврди дека му е изречена прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола, односно во возачката книшка, не поседува возачка дозвола односно нема возачка дозвола од определена категорија или управува со возило во време кога е во сила прекршочната санкција забрана на управување со моторно возило и ќе го затече да управува со возило, а не користи или ги нема при себе помагалата кои се наведени во неговата возачка дозвола.

Законските измени деновиве се очекува да го поминат собранискиот комиски филтер, а до крајот на годината да стапат на сила.

Промовирани огласи »

Сеопфатно сексуално образование од следната учебна година ќе биде дел од образовниот процес. Целта е младите да бидат соодветно образувани и информирани, што ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуално вознемирување и насилство.

“Во наставните програми до сега не се зборувало ниту за емоции, ниту за лично прифаќање, ниту за насилство, ниту за градење на релации и емоции со семејството, надвор од семејството, со врсниците и со опкружувањето со кое што живееме. Токму ова се теми што треба да влезат во новата курикула”, вели Мила Царовска, министерка за образование и наука.

“Во последните 10-11 години патот не беше толку едноставен. Не постоеше доволно политичка волја, имавме доста опструкции од страна на училиштата, од различни други институции. Меѓутоа, денес, малку работите се сменети”, вели Бојан Јовановски од невладината организација ХЕРА.

Од денеска започна обука на наставници од четири училишта кои ќе бидат дел од пилот програмата за сеопфатно сексуално образование. Програмата ќе се реализира со учениците од деветто одделение, но не како засебен предмет, туку темите ќе се интегрираат во рамки на другите наставни предмети.

“Да постигнеме да се грижиме за исполнување на стандардите од аспект на социјален и емоционален развој на децата, а исто така да овозможиме да имаме средина, односно да ги исполниме целите на основното образование, а тоа е да се грижиме за целокупниот развој на нашите деца”, вели Ајша Ајрулаи, од Бирото за развој на образованието.

Истражувањата покажуваат дека државите каде сексуалното е дел од формалното образование имаат помала стапка на малолетничка бременост, младите повеќе се грижат за своето здравје и многу повеќе препознаваат и пријавуваат секаков вид на насилство.

Промовирани огласи »

Вработени во јавни претпријатија, агенции и фондови ќе имаат приоритет за вакцините против Ковид 19 пред возрасната популација над 65 години. Ова на својот фејсбук профил го објави Венко Филипче со прецизирање дека препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, јавниот транспорт, хронично болните. Дополнителен одговор побаравме и од ресорното министерство, барајќи информација дали имаме изготвен протокол и каков ќе биде редоследот за имунизација. Одговорот идентичен како и фејсбук статусот.

Појавувањето на јавните службеници на приоритетната листа наиде на револт кај граѓани кои коментирајќи му на Филипче, го прашаа од кои причини тие се од суштинско значење и зошто ги делат од приватниот сектор.

Пред две недели во интервју за Сител, претседателката на Комитетот за имунизација не ги смести јавните службеници како приоритет, туку меѓу трите најважни групи покрај медицински лица и војска полиција и логистика се и постарите лица над 65 години.

- Здравствените работници, оние кои се грижат за функционирање на општеството – војска, полиција, пожарникари, логистика и секако оние најризичните – постарите над 65 години и хронично болните.

За вакцинацијата против Ковид 19 здравствените власти ќе бараат помош и од други сектори за транспорт, дистрибуција и чување на вакцините бидејќи планираат набавка на 400 000 дози. Но колку вакцини ќе стигнат на почетокот и кога, засега нема конкретен одговор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »