Промовирани огласи »

Најголемата разлика помеѓу многу богатите луѓе и просечните луѓе е - во главата. Милионерите едноставно размислуваат поинаку и избегнуваат нешто што многумина од нас често го прават - тие не лелекаат. Тие се ориентирани кон целите, додека сиромашните се претежно насочени кон тоа колку се лоши.

Во бестселерот „Тајните на умот на милионерот“, авторот Т.Харв Екер вели дека постои само една навидум безопасна навика што ја имаат „обичните“ луѓе, а од која бегаат богатите. Тоа е дека сакаме да се жалиме, пишуваат на веб-страницата Бизнис Инсајдер.

Имено, Екер тврди дека поради жалење, ние се фокусираме на она што не е добро во нашите животи, наместо да се посветиме на она што може да успее и дека всушност позитивните работи привлекуваат позитивни резултати.

„Кога постојано се жалите, тоа е како да повикувате негативни работи во вашиот живот“, вели авторот.

И колку ќе бидеме успешни финансиски, зависи од нашето опкружување, поточно - од пријателствата и врските што ги градиме.

Стив Сиболд, милионер кој интервјуираше повеќе од 1.200 богаташи, заклучи дека богатите луѓе се многу попребирливи при изборот на пријатели и дека нивниот избор влијае на нивното богатство.

Екер размислува слично кога зборува за негативната енергија што ја привлекуваме кога се жалиме затоа што не можеме да останеме позитивни ако сме опкружени со луѓе кои постојано се жалат и на кои сè им е тешко.

„Со текот на времето, се навикнавте на такво размислување, затоа фатете се да чекате на ред да започнете да се жалите на сопствениот живот. Тоа е маѓепсан круг во кој лесно можеме да паднеме “, заклучува Екер и вели дека ако ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, мора да престанеме да се жалиме.

„Треба да ги изберете своите мисли и зборови и не заборавајте да си го обликувате сопствениот живот“, заклучува Екер.

Фото: SAUL LOEB / AFP / Profimedia

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се започнати интензивни подготовки со кои ќе се подготви здравствениот систем за вакцинацијата за Ковид-19.

„Обезбедивме 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните и ќе се врши во вакциналните пунктови и болници.“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Промовирани огласи »

Во Собранието на денешната пленарна седница беше изгласан Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари.

Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.

Со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари освен самохраните родители, треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени.

Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека Министерството за труд и социјална политика, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден и тоа прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет.

Шахпаска исто така истакна дека оваа дебата се уште тече. Вчера имавме онлајн состанок со сите чинители на социјалниот дијалог. Со претставници на синдикатите, претставници од Организација на работодавачи и комори. Дојдовме до некои заклучоци и сугестии и следниот чекор е истото прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, да разговараме и да биде дефинирана последната драфт-верзија како законско решение.

Таа рече дека Министерството согласно задачата изработи драфт-верзија на предлог-законот и го испрати до колегите министри, но поради интересот и до сите чинители и партнери од социјалниот дијалог.

Отворено се дебатира и кога ќе биде готова дебата ќе се донесе предлог-законот – рече министерката за труд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »