Промовирани огласи »

Во Собранието на денешната пленарна седница беше изгласан Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари.

Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.

Со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари освен самохраните родители, треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени.

Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека Министерството за труд и социјална политика, претставници на синдикатите, работодавачите и коморите дошле до некои заклучоци и сугестии во врска со прашањето недела да биде неработен ден и тоа прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет.

Шахпаска исто така истакна дека оваа дебата се уште тече. Вчера имавме онлајн состанок со сите чинители на социјалниот дијалог. Со претставници на синдикатите, претставници од Организација на работодавачи и комори. Дојдовме до некои заклучоци и сугестии и следниот чекор е истото прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, да разговараме и да биде дефинирана последната драфт-верзија како законско решение.

Таа рече дека Министерството согласно задачата изработи драфт-верзија на предлог-законот и го испрати до колегите министри, но поради интересот и до сите чинители и партнери од социјалниот дијалог.

Отворено се дебатира и кога ќе биде готова дебата ќе се донесе предлог-законот – рече министерката за труд.

Промовирани огласи »

Владата нема да се откаже од идејата да се воведе законска можност за предвремено пензионирање пет години пред исполнувањето на старосната возраст за пензионирање. Премиерот Зоран Заев вели дека со оглед на тоа што нивниот мандат во оваа Влада е четиригодишен тие планираат следната година односно 2021 оваа можност прво да ја стават да дебата па после решението и да се усвои.

„Сите што сакаат да можат пет години пред да наполнат 64 за мажи и 62 години за жени или да го докупат стажот и да се пензионираат, рече Заев.

Можноста за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, ја најави Владата во новата програма за работа од 2020 до 2024 година. Во програмата не беа наведени рокови ама се тврдеше дека тоа ќе биде од 2021 година. 

„Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија. Зајакнување на улогата на старите лица во локалните заедници и обезбедување услови за вклучување во јавниот живот, стои во програмата. 

Владата во програмата се обврза на нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија.

Промовирани огласи »

Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел пензионерите да бидат ставени како приоритет при вакцинирањето против новата болест, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.

-Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја апелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против болеста, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »