Цената на трудот е многу нерамномерна меѓу членките на Европската унија.
Најскапата работна сила минатата година во Европската унија била во Данска и Белгија, а најевтина во Бугарија и Романија, према податоците на Европската канцеларија за статистика- Еуростат .
Просечната цена во ЕУ за еден час работа изнесувала 25,4 евра, а во еврозоната 29,8 евра, се наведува во извештајот на Еуростат. Меѓутоа, цената на трудот е многу нерамномерна меѓу членките на ЕУ, оценува Еуростат.
Највисоката цена на час минатата година била во Данска. Таа изнесувала 42 евра, потоа Белгија со 39,2 евра, Шведска со 38 евра, Луксембург со 36,6 евра и Франција со 35,6 евра.
Најевтино биле платени во Бугарија со 4,4 евра на час, потоа Романија со 5,5 евра, Литванија со 7,3 евра, Унгарија со 8,3 евра и Полска со 8,6 евра.