Промовирани огласи »

Уште од месец март кога болеста почна да се шири во државава, медицнинските лица беа нај изложени на ризик и постојано без престан некогаш и по 24 часа се бо рат за животите на секој еден заболен жител во државава. Поради тоа Владата донесе одлука за пренамена на дел од средствата за еднократна помош за 7.500 медицинските работници, кои вршејќи ја својата работа се директно во контакт со заразени лица со новата болест.

– За помошта што е предвидена во последните пакети за помагање на здравствените работници не е планирано екстра дополнително за медиумски работници, полицијата, управните служби и сите кои што се директно експонирани, заради тоа што најдиректно експонирани со заразени лица се докторите, медицинските сестри, болничкиот персонал. Се работи за околу 7.500 лица, заради тоа што се проширија на нови клиники, нови амбуланти, болници и тие се директно во контакт вршејќи ја својата работа со заразени лица, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на МИА на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата.

Заев изрази голем респект за медиумите кои ризикуваат информирајќи за кризата како и за полицајците, управните служби и приватните компани, но како што додаде, овој пакет на директна финансиска поддршка е за здравствени работници бидејќи се најдиректно експонирани во своето работење со заразените лица.

Владата во саботата донесе одлука за пренамена на дел од средствата за еднократна помош за медицинските работници.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, со цел да се направи соодветна објава.

Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, наведувајќи дека станува збор за повеќе сетови на податоци кои трба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Ова е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…

Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември.

Промовирани огласи »

Германската биофармацевтската компанија „Формикон“ соопшти дека има лек против Ковид-19. Сега се надеваат лекот да добие одобрување во случај на итност.

Првите разговори со Европската агенција за лекови (ЕМА) и американската ФДА се закажани за почетокот на првиот квартал од 2021 година, објаснува извршниот директор на „Формикон“, Брокмаер. Но, тој се надева на итно одобрување дури на почетокот на 2022 година.

„Дури и за десет години ќе има значителен број луѓе кои не биле вакцинирани против Ковид-19 или кои ќе станат сериозно болни и покрај вакцинираните“, рече Брокмаер. 

Според него, во моментов нема опции за третман на овие луѓе, но ако можеме да ја намалиме стапката на сериозни форми на Ковид-19, вирусот би претставувал многу помала закана.

Како главна точка на влегување во човечката келија, САРС-CoV-2 и другите коронавируси го користат рецепторот АЦЕ2 на површината на келијата. Ова е местото каде што се активира фузивниот протеин за антитела на „Формикон“, кој ефикасно се врзува за САРС коронавирусите, велат од компанијата.

„Ова значи дека пациентите кои се сериозно болни од Ковид-19 и се наоѓаат во болница, имаат можност за лекување“, рече шефот на „Формикон“, Карстен Брокмајер, во интервју за германскиот јавен сервис tagesschau.de. Тој додава дека засега не постои лек за овие пациенти.

Таква „одлична заштита“, дури и од мутации, во моментов не постои ниту кај вакцините, ниту кај другите терапевтски антитела во развој, вели аналитичарот Демиен Чопелин.

Антивирусните лекови, како што е Ремдесивир, во кои првично многумина се надеваа, се покажаа во голема мера неефикасни. А коктелите за антитела, како што се оние на репертоарот на американските компании Риџенерон (Regeneron) и Илај Лили (Eli Lilly), се одобрени само за пациенти во раните фази на болеста.

„Од друга страна, ние ја блокираме влезната порта што ја користи вирусот за да навлезе во клетките. Ова нуди максимална заштита од мутации. На тој начин, ние исто така ги спречуваме идните епидемии на коронавирус“, нагласи директорот на компанијата „Формикон“.

Научниците ширум светот се загрижени за идејата дека мутациите на САРС-КоВ-2 можат да ги направат отпорни на вакцини и лекови.

Промовирани огласи »

Кога станува збор за избор помеѓу кандидат за работа со совршена биографија и оној кој се борел низ животот и поминал низ многу тешкотии, Регина Хартли секогаш му дава шанса на „Страдачот“. Како некој кој пораснал со многу тешкотии, Хартли знае дека оние кои се издигаат од најтемните простори се мотивирани да дадат се од себе на работното место. „Изберете го потценетиот кандидат, чие тајно оружје е страста и целта“, вели таа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »