Промовирани огласи »

Професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик, реагира во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од „Општествени науки“.

Професорката Груевска Маџоска, истакнува дека е несфатливо како е можно Историја, Граѓанско образование и Географија да се изучуваат во еден предмет и тоа од прво до деветто одделение.

Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго! – реагира Груевска Маџоска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вчера одржа онлајн состанок со директори и наставници од основните училишта на кој разговараа за новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна година.

Основното образование е базата на образованието и затоа промените ги започнуваме токму од овде. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици. За сето ова е потребна максимална посветеност на наставниците коишто низ креативен и инспиративен начин низ наставата и дополнителни активности вон наставата ќе го поттикнат полниот потенцијал кај секое дете – изјави Царовска.

Со реформите е предвидено учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности и курсеви како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик и слично…

Досега во јавноста немаше информации дека се работи на укинување на предметот историја. Засега нема информации дали укинувањето на предметот историја има врска со споровите со Грција и Бугарија и барањата од таму за промени во учебниците.

На состанокот се обрати и Директорот на Бирото за развој на образование Зеќирија Хасипи, а презентацијата на концепцијата ја водеа членови на работната група проф. д-р Виолета Петровска Бешка од Институтот за психологија и Митко Чешларов од БРО.

Промовирани огласи »

Доколку моментално барате работа, ви ги претставуваме најактуелните огласи низ цела Македонија. За поголемиот број од огласите, крајниот рок за аплицирање се ближи. Не пропуштајте ја можноста да аплицирате.

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Поради проширување на својот тим, има потреба од: 
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО;
ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Спорт Лаиф Трејд има потреба од вработување на:
ОПЕРАТОРИ - СТРУМИЦА;
ОПЕРАТОРИ - ГОСТИВАР.

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција која обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми. Моментално има потреба од:
ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА НЕГОТИНО;
ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА РЕСЕН.

KIel Group is one of Europe's leading manufacturers of passenger seating systems for buses and rail vehicles on the local, regional and intercity level. For our branch in Zhelino, we are looking for a talented, experienced and initiative personality in the following position:
SALES SPECIALIST / ORDER PROCESSING - GERMAN SPEAKING;
PRODUCTION PLANNER;
TIME STUDY ENGINEER.

OPEN GI is an insurance software specialist company that offers a range of configurable solutions to insurance brokers, underwriting agencies, insurers and MGA’s. Right now, they are looking for a SENIOR SOFTWARE DEVELOPER.

Промовирани огласи »

Владата ги прифати препораките на Комисија за заразни болеси угостителските објекти да работат до 18 часот. Препораките стапуваат во сила од 18 декември, а ќе траат сѐ до 20 јануари следната година.

Оваа на прес конференција го соопшти премиерот Зоран Заев. 

Промовирани огласи »

- Децата нема да бидат дел од популацијата за која ќе се препорача вакцинација. Тие ќе бидат изземени од ова процедура.

Исто така нема да се препорачува вакцинирање на лицата кои го прележале вирусот Ковид-19 и кои веќе имаа створено антитела во своите организми. На глобално ниво се разговара дали ќе се издаваат некакви сертификати за примената вакцина кои би се барале при патување или не - изјави министерот Венко Филипче на прес-конференцијата која е во тек.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »