Доколку барате моќен „Android“ со голем екран, моќен хардвер и квалитетна камера, а новите модели на „Samsung Galaxy S“ ви се прескапи, како интересен избор се наметнува новиот модел на брендот на „Huawei“ – „Honor“.
Моделот „Honor 8 Pro“ доаѓа со голем екран со дијагонала од 5.7-инчи и резолуција од 2.560×1.440 пиксели, кој има осумјадрен просецсор „Kirin 960“, како и 6GB RAM и голем батерија со капацитет од 4.000mAh.
Oвој уред доаѓа и со две задни камери со резолуција од 12MP, а на предната страна се наоѓа камера од 8MP, a oд останатите опции треба да се истакне 64GB интерна меморија која може да се зголеми со „microSD“ мемориска картичка (па така корисниците ќе намаат проблем со складирање на поголема количина на содржина).
„Honor 8 Pro“ има сезонор за отпечаток на прстот, „USB-C“ приклучок, поддршка за „NFC“ и брзо полнење на батеријата.
Во рецензиите кои досега се објавени на интернет се фалат и дизајнот и изработката на овој телефон (заоблените рабови и алуминиумот), а некои новинари го споредуваат со „iPhone 7 Plus“, a доаѓа со инсталиран „Android 7 Nougat“ оперативен систем и интерфејсот на „Huawei“ – „EMUI 5.1“.
Благодарејќи на напредниот алгоритам, овој телефон „учи“ кои апликации најчесто се користат, па ќе го оптимизираат користењето на меморијата.
Уште една занимливост е и начинот на пакување на „Honor 8 Pro“ чија кутија може да се претвори во „Google Cardboard“ во која можете да го ставите телефонот и да гледате „VR“ содржина.
„The Verge“ наведува дека станува збор за телефон кој е малку подобар од моделот „P10“ на истиот производител, но со пониска цена. Слично размислуваат и новинарите на „Engadget“ според кои „Honor 8 Pro“ е досега најмоќниот телефон на „Huawei“, а кога ќе се појави во продажба на европскиот пазар (најверојатно на 20-ти април), неговата цена ќе изнесува 549 eвра.