Промовирани огласи »

KARIERA.mk разговараше со Катерина Златановска Попова - Менаџер на човекови ресурси во Божиновски. Дознајте кои современи практики ги применува ресорот за човекови ресурси во овој наш ланец од луксузни продавници.

Промовирани огласи »

Најплатениот раководител во автомобилскиот сектор е генералниот директор на General Motors Мари Бара, која во 2016 година ja заработила сумата од 22,6 милиони долари, пренесува агенција CNN Money. Година порано таа се здобила со 21% помалку. Причина за ова се приходите од акции.

Мари Бара станува генерален директор на GM во 2014 година. Таа е првата жена која се најде на врвот големиот автомобилски концерн. Уште со назначувањето, таа станува највлијателната дама во автомобилската индустрија. Во 2015 година Бара спаѓа во листата Топ 50 најважните светски лидери, и го зазема 9 место во листата.

Шефот на Ford Марк Филдс се реди на второ место на листата со највисоко платените лидери во автомобилската индустрија со годишна плата од 22,1 милиони долари за 2016 година. Во топ 3 се наоѓа уште и генералниот директор на Fi at-Crysler Automobile (FCA ) Сержио Маркионе со 10,6 милиони долари.

Меѓу најдобро платените менаџери на компании од автомобилската индустрија е и лидерот на Volkswagen Матијас Милер, кој е четврти на листата со годишна плата од 7,3 милиони евра.

Шефовите на јапонските автомобилски производители земаат во пати помалку од своите американски и европски колеги.

Најниско платениот во индустријата е шефот на Telsa Илона Муск. Во 2015 година е последната објавена негова плата - 38 000 долари годишно. Сумата е еквивалентна на минимално задолжително плаќање според законите на државата Калифорнија за 80-часовна работна недела, пишува AutoMedia.bg.

Илона Муск сепак поседува 33,6 милиони акции во Tesla кои се проценуваат на 10 милијарди долари. Тоа го прави најбогатиот шеф на автомобилска компанија во светот во моментот.

Промовирани огласи »

Не запира бранот на граѓани кои речиси секојдневно се упатуваат кон соседна Бугарија .

Причината-бугарски пасош.

Бројките рушат рекорди а источниот регион и градот Делчево и понатаму се рекордери по извадени и поднесени барања. Речиси 70% од жителите на Делчево веќе имаат двојно државјанство, а таму можете да ги најдете и посредниците.

Факт е дека интересот за бугарски пасош отсекогаш постоел но последниве години бројот константно расте.

ВИ ЈА ОТКРИВАМЕ НАЈГОЛЕМАТА ЈАВНА ТАЈНА: Која е процедурата за вадење на бугарски пасош

Неофицијалните податоци велат дека 100 до 150.000 македонски граѓани добиле бугарски пасош а на овој чекор се одлучуваат и млади и стари, и студенти и печалбари , невработени и вработени кои својата иднина не ја гледаат во земјава во која признале или не тешко е да се преживее со 200 евра плата.

Се повеќе Македонци посегнуваат по бугарски патни исправи поради солидна животна егзистенција и денар плус за парче леб.

БУГАРСКИОТ ПАСОШ СПАС за парче леб: Со 200 евра плата не се живее туку се преживува …

Доколку се уште се двоумите како најлесно да стигнете до бугарски пасош ние ви ја откриваме најголемата јавна тајна.

Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?

За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е  најпрво да закажете термин за прием до  ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на  ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).

Дополнителни документи кои ви се потребни се:

1.Извод од матична книга на родени

2.Копија од Пасош

3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во  Република Бугарија

4.Ако поседувате други дополнителни  документи каде вашите роднини биле бугарски граѓани.

5.Слики (за пасош формат)

Откако ќе ги поднесете сите горе наведени документи ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ако се произнесат позитивно на вашето барање во Декларацијата дека имате БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ, ќе добиете УДОСТОВЕРЕНИЕ од ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА ДЕКА СТЕ БУГАРСКИ ПРОИЗХОД да ви послужи пред:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА)

Откако ќе добиете позитвен одговор УДОСТОВЕРЕНИЕ од Државната Агенција за Бугарите в Чужбина, преминувате на вадење на неопходните документи и поднесување на молба во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА), ПРИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Со МОЛБА(ОБРАЗЕЦ) до  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – да ви се уважи БАРАЊЕТО од Господинот Министер, поднесувате и Декларација за придобивање Бугарско Граѓанство (ОБРАЗЕЦ) УДОСТОВЕРЕНИЕ и сите потребни документи неопходни пропишани за добивање за БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, преведени на бугарски јазик , заверени на официјален  бугарски преведувач во Република Бугарија , Извод од матична книга на родени на барателот, Сведителство за осудуваност од Суд ,потоа Сведителство за Осудуваност од Полицискиот Орган (дека во моментот на вадење на документот нема кривична постапка против лицето), Медицински документ со ХИВ тест Документ за промена на име ако има таков, Кратка Афтобиографија на молителот, Актуелна Фото снимка на молителот (во пасош формат) сите документи се вадат во земјата од која потекнува молителот и преведени на бугарски јазик се предаваат во ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, со платена такса.

Бугарски пасош за 600 евра?

Потоа се закажува интервју во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ пред ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Потоа следи интервју од ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ кое може да биде закажано неколку месеци одапред, каде ви е одреден  термин.

Ќе треба да одговорите на одредени прашања пред ДРЖАВНИОТ ЕКСПЕРТ, во врска со Бугарската Историја да отценат дали ја познавате Бугарската Историја, знамето државно во какви бои е , одредени датуми на Државни Бугарски празници кои се, потоа дали ги знаете Бугарските Дејци, просвителите на бугарската азбука и нормално ќе ве прашаат зошто сакате да станете бугарски граѓанин, потоа ќе чекате одговор по бројот што сте го добиле дали ви одобриле (дале)  БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО со Указ (потпишан од Вицепретседателот на Република Бугарија) каде лесно може да проверите, по неколку месечно чекање на официјалниот сајт на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ ако ви е позитивно решено, добивата УДОСТОВЕРЕНИЕ дека ви е дадено бугарско граѓанство.!!!

Откако ќе го добиете Бугарското граѓанство и станете граѓанин на Република Бугарија, следи процедура за лични документи, лична карта и пасош.

Добиваш адреса на живеење.

Како и да е кога дојде „нож до коска“ не се бира, иако некои ќе го оправдаат овој чин, некои ќе обвинуваат за „предавници“ – но кога се работи за животна егзистенција луѓето очигледно се подготвени на се!

Промовирани огласи »

Протекоа информации дека наводно цената на основниот модел на iPhone 7S со дисплеј од 4,7 инчи ќе биде 649 долари, моделот 7S Plus со 5,5 инчен дисплеј ќе биде 769 долари, а новиот топ модел наводно ќе биде за 80 долари поскап.

Основниот модел на iPhone Pro со 64GB наводно ќе биде 849 долари, а моделот со 256GB меморија може навистина да има цена над 1000 долари. Фактички, сепак е можно да се појави телефон над 1000 долари, но ќе има и класичен модел од 649 долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »