(преземи го огласот како слика)

ВРАБОТУВАМЕ: Специјалист за електро-машинско оддржување (Мајстор)
Во срцето на Свети Николе, од 1998 година, ЛИОН создава слатки задоволства кои освојуваат срца ширум светот. Нашите производи – чоколади, кремови, штрудли и вафли – се присутни на речиси сите континенти. Континуираната иновативност, врвниот квалитет и безбедноста на храната се темелите на нашиот успех.
Со цел задржување на квалитетот на работењето во нашата компанија потребно ни е лице кое што ќе го збогати нашиот тим во Сектор Оддржување.
Што нудиме?
- Конкурентна плата согласно искуството и компетенциите
- Работа во стабилна и развојно ориентирана производствена средина
- Континуирани стручни обуки и можности за професионален развој
- Пакет бенефиции ЛИОН
- Поддршка, тимска култура и можност да бидете дел од ТИМОТ на ЛИОН
Што бараме?
- Прецизност, аналитичност и систематичен пристап во работењето
- Високо чувство за одговорност
- Способност за меѓусекторска соработка
- Проактивност и ориентираност кон решавање проблеми
- Тимски дух и флексибилност
Вашите работни задачи особено ќе вклучуваат:
- Санација на дефекти во производствен погон
- Превентивно оддржување согласно план за оддржување
- Совесно користење на работна опрема и материјали за работа
Придружете се на нашиот тим!
Доколку сакате да бидете дел од приказната на ЛИОН – Свети Николе, испратете го Вашето CV преку полето АПЛИЦИРАЈ.