Што кажува шефот на персоналот може да биде живото променувачки или пак катастрофално. Инспиративните зборови се во можност да го изнесат најдоброто од вработените, а пак кажувајќи погрешни работи може да ги натера и да ја врачат својата оставка.
Еве листа на шест работи кои шефот треба да ги кажува почесто со цел да ги поттикне членовите на персоналот, направена од нашиот тим на kariera.mk.
Убави зборови
Добар шеф секогаш вели: ”Ви благодарам” и ”добро сработено” за да ја покаже својата благодарност, па дури и за најмали достигнувања.
Фокусирајте се на позитивите
Не ги обвинувајте вработените кога тие ќе направат грешка. Нека знаат дека тие имаат целосна поддршка од менаџерот и заедно дека ќе го надминете предизвикот. Покажете им на вработените дека како менаџер ќе бидете на нивна страна. Велејќи ”Секогаш ќе има друга шанса” им помага на вработените да ја обноват својата самодоверба.
Дајте им шанса на вработените да се надградуваат и растат професионално
Користете го изразот ”може да се обидете да го направите”. Обезбедете им на вработените можности за решавање на проблемите. Исто така, не им давајте на вработените конечен одговор прерано, преку прашања обидете се да ги водите самите кон пронајдок на одговор. Ова може да им помогне да станат независни и секако сигурни во својата работа.
Запознајте со кој всушност работите
Велејќи ”продолжи со добрата работа” не е доволно. Различни луѓе се инспирирани од различни зборови на охрабрување. За вработените кои се желни да движат нанапред, охрабрувачки е да им се каже ”Добро сработено! Сега имам поголем проект за вас.” но за оние кои се задоволни со својата позиција или пак не размислуваат за напредот со ова ќе направите да се чувствуваат под притисок. Добар шеф треба да добро да го познава својот тим на луѓе со кој соработува, и да ги одбира вистинските стратегии со цел да ги инспирира.
Покажете дека сите ги земате во предвид сериозно
Шеф кој се грижи за својот тим, го зема во предвид секој член од персоналот за сериозно. Давајќи им точно прецизно време кога би сакале да имате состанок, ќе им покаже на вработените дека шефот сериозно го троши своето време.
Бидете конкретни
Кога пофалувате вработени, кажете повеќе од само ”Добро сторено”. Бидете малку поспецифичен така што ќе кажете ”Вие сте одлични и направивте исклучителна работа со тоа и тоа”. Вработените се чувствуваат ценети и инспирирани кога шефот покажува дека ги цени точно одредени достигнувања на вработените.