Промовирани огласи »

Годините минуваат, времето носи нови промени, но сепак емоциите и моментите од минатото остануваат во сеќавање. Топлиот дом, вкусот на чај од мајчина душица и крцкавите колачиња со цимет, се приказна која детството го доближува во сегашноста. Нема поубаво чувство од топла прегратка, моменти на љубов и инспирација, утрински ветер додека ги поливаш цвеќињата во дворот и сеќавање на едно време кога боите имаа друг живот, други чувства.

               Дали често се прашувате што ви недостасува во вашиот дом? Колку е потребно за да направите одредена промена која ќе внесе друга димензија во вашиот живот? Дали ви недостига инспирација, или пак сте жедни за нови моменти? Neptun и Grundig го имаат одговорот кој ќе придонесе секое споделување на вашите заеднички моменти да ја почувствува топлина на домот, емоциите и искрените чувства.

Повеќе од 75 години Grundig телевизорите се вашето ново утро, изгрејсонцето, вкусот на кафето и колачите, пладневната дремка нијансирана во боите на животот. Кога вашето око одбира бои, тоа е ненаситно, ги сака сите. Создава милион нови приказни, кои сака да допрат до секого. Моментите со Grundig телевизорите секогаш креираат приказна. Знаете ли зошто? – Светот од надвор овој пат е дел од реалниот свет и вашиот дом.

Grundig телевизорите го подобруваат вашето доживување при гледањето со поширок спектар на бои и природни нијанси, дозволуваат да погледнете повеќе убавини од вашиот живот, да ја соберете фамилијата, да се смеете.

Доволно силни причини да ги посетите продажните места на Neptun, да купите и да уживате пред вашиот Grundig телевизор, споделувајќи среќни мигови преку креирање на незаборавни моменти. 

До 15-ти јануари, искористете ја празничната понуда во Neptun на сите UHD Grundig телевизори и покрај стандардните две години гаранција, сега добивате дополнителни три години гаранција и можност за плаќање на 24 рати без камата на happy цените.

Да изградиме подобра иднина и да се сеќаваме и во наредните 75 години на моментите од денес.

Промовирани огласи »

Бројот на заразени од корона вирусот во Македонија полека опаѓа, а се чини дека вакцината е единствено решение земјава да се врати во нормала.

Во Македонија ќе пристигнат 883 илјади вакцини во првите месеци од 2021 година, а портпаролот на Владата, Арсовски го соопшти редоследот за вакцинирање на граѓаните.

„Први ќе се вакцинираат лекарите, кои се на прв удар во борбата со корона вирусот. После нив ќе бидат хронично болните лица, возрасните граѓани, вработените во градинките. Ќе се вакцинираат и политичарите“, соопшти тој.

Промовирани огласи »

Вредноста на дигиталната криптовалута – биткоин се намали за шест проценти по веста за брзото ширење на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, што влијаеше и на вкупната состојба на финансиските пазари.

Една монета од оваа криптовалута во моментов вреди 22.290 долари, откако минатата недела ги достигна рекордните 24.339,75 долари, пренесуваат финансиските портали.

Најстарата и најголема криптовалута во светот според пазарната капитализација, биткоинот, на 17 декември за првпат ја надмина границата од 22.000 американски долари.

Промовирани огласи »

За подобрување на квалитетот на учење неопходно е да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства. Ова го констатираат голем број наставници, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието за време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

-Дури 74 проценти од наставниците истакнуваат дека е потребно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства, рече Ајрулаи.

Истовремено нагласи дека пред да почне исцртувањето на новата концепција за основно образование се консултирани други концепции, документи, направено е истражување на ставови на наставници и искуства од други земји, анализирани се најразлични концепти. Истражувањето на ставовите на наставниците покажало дека незадоволството од содржините на учебниците е навистина големо.

Со новата концепција учебникот нема да биде единствен извор за учење.

-Новата концепција за основно образование оди кон иновирање и на материјалите од кои ќе учат учениците. Учебникот е само едно од наставните средства. Се оди кон дигитализација и на учебниците со што наставата ќе стане поинтерактивна, рече Ајрулаи.

Фактот што наставните програми нема да бидат содржински насочени, туку ќе бидат насочени кон резултатите од учење, ќе им овозможи на наставниците слобода на користење различни методи и активности кои ќе поттикнат развивање на сите потенцијали и интереси на учениците. Ајрулаи објасни дека учењето нема да биде врзано само со еден извор и ќе може да користи различни извори за учење.

-Наставните материјали ќе ги изработуваат најискусните наставници и најискусните професори. Тие ќе бидат во електронска форма, а за учениците што немаат можност да ги користат електронски, ќе може да се испечатат, рече Ајрулаи. 

Според проф. Дамовска, новата концепција за основно образование обезбедува суштинска поддршка за наставниците

-Низа индикатори покажуваат дека на образованието во Република Северна Македонија му се потребни драстични промени, а меѓу нив се и постигнувањата на нашите деца кои се исклучително слаби и на дното на табелата во Европа, што е една од причините за креирање на новата концепција за основно образование, истакна проф. д-р Лена Дамовска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

-Имаме проблем во квалитетот на наставата и во усвојувањето на знаењата. Затоа, неопходно е да се фокусираме на педагошките стратегии, на начинот на кој нашите деца учат и ги стекнуваат знаењата и на амбиентот во кој се стекнуваат тие знаења.  Сметам дека оваа концепција ќе даде системска поддршка на оние кои ја реализираат наставата и ќе биде квалитативен исчекор во однос на промоција на партиципативната педагогија, придонесувајќи кон тоа како децата активно да учествуваат во процесот на стекнување на сопствените знаења“, рече Дамовска, додавајќи дека целиот документ се повикува на меѓународни документи и стандарди, вклучително и на Конвенцијата за правата на децата.

Таа истакна дека основното образование е базично во секоја држава и знаењата кои се стекнуваат во тоа базично образование се најзначајни, нагласувајќи дека новата Концепција ќе значи и вложување во основните училишта, во опремување на лаборатории и во набавка на нови учебници, нагледни средства и материјали.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »