Промовирани огласи »

Машински инженери, електротехничари, оператори, кувари се само дел од поголемиот број на работни места отворени на територијата на нашата држава. Доколку се уште не сте го пронашле идеалното работно место, во продолжение Ви ги претставуваме новоотворените работни позиции во повеќе градови. 

Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Како компанија имаат стручен, обучен и посветен тим од сите дејности. Во моментов тие имаат потреба од оператори за уплатни места во Тетово и Битола:
ОПЕРАТОРИ ЗА УПЛАТНО МЕСТО ВО ТЕТОВО
ОПЕРАТОРИ ЗА УПЛАТНО МЕСТО  ВО БИТОЛА

Даути Комерц- А.Д е потврден лидер во регионот и пошироко. Денес функционираат во четири држави во регионот со над 500 вработени. А.Д Даути Комерц- Скопје објавува конкурс за следното работно место:
MАШИНСКИ ИНЖEНЕР (НАСОКА МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ)

Стефи Поинт Козметика дооел Скопје реномирана компанија од областа на козметиката за потребите на своето работење објавува оглас за:
СЕКРЕТАР/КА

Максат Доо  компанија од областа на електроника и телекомуникации има потреба од Електротехничари - Инсталатери на мрежна опрема за постојан работен однос:
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ / ИНСТАЛАТЕРИ

 Qinado еден од најуспешните ресторани бара кувар/ка со пожелно претходно искуство во кујна за приготвување на здрава и сирова храна:
КУВАР/КА

ФМС Дооел вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации и сервисирање:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА
СЕРВИСЕР ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ е компанија која се занимава со услуги и продажба на материјали од областа на електро технологијата. ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ги застапува најпознатите технолошки брендови, при што формира стабилен ланец на набавка и испорака на материјали од електро индустријата, при што овозможува техничка поддршка и помош за нашите клиенти преку изработка на документација и тестирање. Оваа компанија има потреба од:
ТЕХНИЧАР ЗА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

Промовирани огласи »

Собранието го изгласа Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици. Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;

да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Од владата веќе информираа дека постојат и други услови за да се регистрираат возилата, па така останува да важи критериумот за увоз во земјава на стари возила со стандард најмалку ЕУРО 4. Воедно, лицата кои ќе сакаат да ги регистрираат возилата со македонски таблички ќе мора да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето на законот на сила и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Извор: Центар

Промовирани огласи »

Аналитика тинк-тенк денеска преку платформата Zoom ќе ги презентира резултатите од регионалното истражување на тема „Потрошувачка на тутун и тутунски производи во Северна Македонија, пушачките навики на граѓаните и даночната евазија во трговијата со тутун во РС Македонија“.

Како што најавија од Аналитика, ќе се презентираат податоците од првото спроведено истражување за употреба на тутун во земјата и регионот и ќе се дадат препораки за креаторите на политики за усвојување на поефикасни политики за контрола на тутунот.

Во соопштението од Аналитика се наведува дека се работи за една од првите студии во Северна Македонија што дава сеопфатни информации и проценки за употребата на тутун, а е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

– Република С Македонија е меѓу првите десет земји во светот со највисока стапка на пушење, а истражувањето покажува дека има најниска цена на цигари во регионот. Овие и други релевантни наоди ќе бидат презентирани од страна на истражувачкиот тим на Аналитика, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2021 година (петок), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.


Први јануари неработен ден за сите граѓани 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »