Промовирани огласи »

Иако не е возможно да подготвите одговори за секое прашање на интервју, постојат одредени прашања што се користат во сите индустрии и за сите работни позиции.

Најчестото прво прашање на интервју е „Кажи ми за себе.“ Иако ова прашање изгледа едноставно, многу е лесно да дадете погрешен одговор и да оставите негативен впечаток уште на почетокот од интервјуто. За да Ви помогнеме да не оставите погрешен впечаток уште на првото прашање, во продолжение Ви претставуваме неколку совети кои ќе Ви помогнат да дадете подобар одговор.

Спроведете SWOT анализа!

Подготовката е клучна за секој успех во интервјуто и кога станува збор за вообичаени прашања за интервју, добар совет е да започнете со тоа што ќе направите сеопфатна и искрена SWOT анализа на себе - стратегија за стратешко планирање што се користи за да ги организирате вашите јаки страни, слабости, можности и закани.

Со разбирање на вашите јаки страни, слабости, можности и закани, ќе имате можност да знаете на кои вештини да се насочите, а на кои вештини треба да обрнете повеќе внимание.

Направете истражување за компанијата и за тоа каде се вклопувате во неа!

„Најдобар начин да се подготвите за прашања за интервју е да направите истражување“, објаснува Надија Ибрахим-Танеј, универзитетски тренер за кариера и предавач.

„Можете да гарантирате дека сите интервјуа ќе започнат со некој елемент„ кажи ми за себе “, но тоа е често најлесното и најтешкото прашање за интервју за повеќето апликанти затоа што буквално можат да кажат што било“.

Вашето претставување треба да ги допира точките во вашата биографија, но повеќе да се фокусира на зошто: зошто го одбравте она што сте го студирале, зошто сте ги одбрале компаниите за кои работеле во минатото и зошто сте заинтересирани за таа позиција. 

Разгледајте ги потенцијалните следни прашања врз основа на вашиот одговор!

И на крај, потребно е да направите истражување во Вашата индустрија и да се обидете да претпоставите кои ќе бидат следните прашања. Доколку сте во технолошкиот сектор, на пример, работодавците ќе прашаат за Вашата технолошка вештина или за какви јазици за програмирање или кодирање сте користеле во минатото.

Промовирани огласи »

Според некои истражувања, стресот поврзан со работата  може да наштети на Вашата продуктивност и на личното здравје, вели Роб Кук. Тој споделува неколку стратегии кои ќе Ви помогнат да ја вратите Вашата ментална, физичка и емоционална благосостојба.  Погледнете го видеото во продолжение:
 

Промовирани огласи »

Нови 1,500 граѓани останаат без работа за само еден месец.  Од почетокот на пандемијата пак, до ноември Агенцијата за вработување регистрира 47.500 невработени. Од нив, како резултат на Ковид кризата, отказ добиле 16.400, трвдат од  Агенцијата. Според бизнисмените, евтините кредити и помошта со исплата на минимална плата придонесоа бројките да бидат помали, но очекуваат невработеноста да расте.

–Помеѓу 25 и 40% од компаниите велат дека ако продолжи оваа состојба, најверојатно би продолжиле во рестриктивно работење и со човечки капитал, но и во обем на економиајта која ја имаат, изјави за Сител Миле Бошков, Конфедерација на бизнис работодавачи. 

Државната помош за да се зачуваат работните места истекнува во декември. Со цел да се спречи нов бран отпуштања – бизнисот апелира – помошта да продолжи и наредните месеци.

-Се позивесно е дека кризата ќе продолжи. Мораме до бидеме во дослух со Владата и економските ресори, за да продолжи помошта. Психолошкиот момент до вакцината мора да биде поткрепен со владина помош, додава Бошков.

Најмногу оптпуштања имало во преработувачката индистрија и трговијата на големо и мало. Најчесто без работа остануваат лицата со средно или основно образование. Но има и скоро  1.000 магистри на науки и 30 тина доктори на науки кои не можат да најдат работа.

Промовирани огласи »

Машински инженери, електротехничари, оператори, кувари се само дел од поголемиот број на работни места отворени на територијата на нашата држава. Доколку се уште не сте го пронашле идеалното работно место, во продолжение Ви ги претставуваме новоотворените работни позиции во повеќе градови. 

Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Како компанија имаат стручен, обучен и посветен тим од сите дејности. Во моментов тие имаат потреба од оператори за уплатни места во Тетово и Битола:
ОПЕРАТОРИ ЗА УПЛАТНО МЕСТО ВО ТЕТОВО
ОПЕРАТОРИ ЗА УПЛАТНО МЕСТО  ВО БИТОЛА

Даути Комерц- А.Д е потврден лидер во регионот и пошироко. Денес функционираат во четири држави во регионот со над 500 вработени. А.Д Даути Комерц- Скопје објавува конкурс за следното работно место:
MАШИНСКИ ИНЖEНЕР (НАСОКА МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ)

Стефи Поинт Козметика дооел Скопје реномирана компанија од областа на козметиката за потребите на своето работење објавува оглас за:
СЕКРЕТАР/КА

Максат Доо  компанија од областа на електроника и телекомуникации има потреба од Електротехничари - Инсталатери на мрежна опрема за постојан работен однос:
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ / ИНСТАЛАТЕРИ

 Qinado еден од најуспешните ресторани бара кувар/ка со пожелно претходно искуство во кујна за приготвување на здрава и сирова храна:
КУВАР/КА

ФМС Дооел вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации и сервисирање:
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА
СЕРВИСЕР ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА

ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ е компанија која се занимава со услуги и продажба на материјали од областа на електро технологијата. ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ги застапува најпознатите технолошки брендови, при што формира стабилен ланец на набавка и испорака на материјали од електро индустријата, при што овозможува техничка поддршка и помош за нашите клиенти преку изработка на документација и тестирање. Оваа компанија има потреба од:
ТЕХНИЧАР ЗА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »