Промовирани огласи »

Цената на биткоинот достигна рекордно високо ниво од над 41.000 долари во петокот и сега сега има вкупна пазарна вредност од над 700 милијарди долари со што вкупната вредност на целиот пазар на крипто-валути за прв пат надминa еден трилион долари. 

Ако ги слушате таканаречените биткоин - „Bulls“  ова е само почеток. Тие веруваат дека цената ќе достигне веројатно прво 100.000, потоа 150.000, па и 200.000 американски долари. Ова го тврди и Шамат Палихапитија, основач и извршен директор на „Соушл капитал“ 

„Во кој период? Не знам . Можеби за пет или 10 години, но трендот веќе оди натаму, вели тој. 

Со голема возбуда, многу луѓе се прашуваат дали треба да инвестираат во биткоин. Сепак мора да се знае дека криптовалутата создава и широк спектар на загриженост. Според аналитичари биткоинот е меур, премногу ризичен за инвестирање, подложен е на измама и може да наведува. 

„Ако историски гледате на цената на биткоинот, имало голем број прилики кога таа расте, но и навистина брзо се урива. На пример, по пикот и вредноста од скоро 20.000 долари во 2017 година, цената на Биткоин пропадна и изгуби една третина од својата вредност за еден ден, а во 2018 година падна на дури 3.122 долари бришејќи милијарди долари од вкупната пазарна вредност на криптовалутата. Затоа некои, како инвеститорот Марк Кубан, го споредуваат биткоинот со коцкање и советуваат да инвестираат само онолку пари колку што можете да си дозволите да изгубите. Треба да бидете барем психички и финансиски подготвени дека [несреќата] може да се повтори. Може да се случи утре, вели Џејмс Ледбетер, финансиски уредник на Сиенбиси (CNBC)

Неодамна претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече дека биткоинот има своја улога во олеснување на некои криминални активности и оваа криптовалута овозможува некој „смешен бизнис“. Таа ја отфрли можноста битокоин да стане валута.

Промовирани огласи »

Владата денеска ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки. Најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари. И овој месец ќе се врши предвремена исплата на пензиите. Пензионерите ќе располагаат со парите преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.


Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).

Промовирани огласи »

Како што беше и претходно најавувано, со авион ќе можете да патувате само со КОВИД пасош. За ваквиот услов треба да се одлучува и да влези во сила од страна на Меѓународната организација за авионски транспорт .

Според оваа организација, со КОВИД пасошот ќе се патува од месец март оваа година. Првите кои што ќе го употребат ќе бидат големите авиокомпании.

Ковид пасошот ќе биде и со мобилна апликација, преку која ќе се потврдува дека патникот направил тест или ја има примено вакцината против коронавирус, пишува албанската новинска агенција ИНА.

Компаниите забрзано работаат на создавање на апликацијата, која ќе биде бесплатна за користење.

Од Меѓународната организација за авионски транспорт велат дека на овој начин ќе биде зголемена добербата за отварање на границите и на авионскиот транспорт, исто така за патниците нема да има ниту карантин, бидејќи истите ќе имаат доказ дека ја примиле вакцината против коронавирус.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче објави на неговиот Фејсбук профил дека на денешната седница на Влада е усвоен предлогот угостителските објекти да работат до 21 часот почнувајќи од 21.01.2021.

Иако вчера министерот по економија, Бектеши, најави дека можно е угостителските објекти да работат до 23 часот, сепак Филипче пишува дека е рано за тоа.

– Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, напиша Филипче.

Тој најави дека следната недела можно е олабавување на мерките.

– Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, заврши тој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »