Промовирани огласи »

Од утре, четврток 21-ви јануари, рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци. 
Владата на 40-тата седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21-ви јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.

Согласно овие измени, рестораните и угостителските објекти од 21-ви јануари ќе работат до 21:00 часот, после што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици. Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти. Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца, соопштија од Владата. 
Во последните 24 часа има 72 нови заразени и 13 починати од коронавирусот. 

Промовирани огласи »

Во Словенија, минималната бруто плата годинава ќе се зголеми на 1.024 евра.

Министерот за труд Јанез Циглер, по денешната средба со претставниците на словенечките синдикати објави дека годинава минималецот ќе се зголеми од сегашните 941 на 1.024 евра бруто. Ова се смета за втора најважна од осумте мерки во законот за економска помош за време на епидемијата на корона вирусот во Словенија, пренесува СТА. Новата формула за пресметување на минималната загарантирана плата во Словенија предвидува дека таа мора да биде најмалку 20, но не повеќе од 40 проценти над минималните трошоци за живот. Синдикатите не се задоволни од ваквиот пристап на владата. Велат дека зголемувањето не вклучува реални зголемувања на трошоците за живот од 2017 година, кога последен пат беа пресметани таквите трошоци. Словенија е земја од екс Југославија која има највисоки плати. Во регионот, Македонија и Албанија имаат најниски плати. 

Промовирани огласи »

Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, објави видео на Интернет. Со ова заврши неговото скоро тримесечно „исчезнување“ од јавноста, што доведе до шпекулации за неговиот статус и судбината на неговата деловна империја.

На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честиташе на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментираше неговото исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група Алибаба и групацијата Ент се под надзор на инспекцијата.

Ма последен пат беше виден на 24 октомври, кога ја критикуваше финансиската инспекција на кинеската влада на самитот во Шангај.

Промовирани огласи »

Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2%.

Според соопштението од Министерството за труд и социјална политика зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.

Почнувајќи од 2019 година покрај редовното усогласување се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Покрај овие два начини на усогласување од 2020 година врз основа на одлука од страна на Владата на Република Македонија може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »