Во февруари 2016-та година, сопствениците кои имаа проблем со Touch ID модулот и го имаа променето на други место покрај Apple продавницата, потоа добиваа “error 53” порака. Сега, iPhone 7 го има истиот проблем…
Пред некое време, Australian Competition and Consumer Commission (ACCC) поднесе тужба против Apple, поради фактот што корисниците неможеа да ги поправаат своите уреди во други продавници освен Apple продавнците.
И покрај тужбите и критиките, Apple продолжи со истиот концепт со iPhone 7. Доколку корисниците имаат проблем со Touch ID модулот, тој мора да биде променет стриктно во Apple продавница, како што можете да видите на видеото:
Иако Apple најверојатно ќе изјави дека ваквиот концепт е поради сигуронста дека уредите ќе бидат добијат проверени делови и нема да имаат проблеми, според голем број од аналитичарите, тоа е само начин компанијата да ги “исцеди” сите пари што може од фановите. Кое е вашето мислење?