Промовирани огласи »

Северна Македонија планира годинава да го забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. Министерот за економија, Крешник Бектеши најави промени во правилата за увоз на поволни автомобили и зголемување на стандардот, што се очекува да помогне да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјата. Во план се две мерки - со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возилата кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со еуростандард 5 или 6. Втора мерка е субвенционирање на купување на хибридни возила. За двете мерки е потребно да се обезбедат средства. 

Нови правила

Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од еуростандард 4. Тие возила не можат да се регистрираат и да се возат по патиштата низ С.Македонија, а наскоро би можела да стапи на сила и забрана за возилата под стандардот ЕУРО 5.
„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија, Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“.

-повеќе на темата: Македонија се откажува од „автомобилската старудија“

Во однос на другите мерки што се планираат во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива - мерка што ќе се спроведе годинава. 

Целиот текст прочитајте го на dw.com.mk

Промовирани огласи »

Земјава преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини. Се чекаат детали во однос на цената и испораката.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на овие вакцини, кои вече беа најавени од премиерот како една од опциите.

„Премиерот ја најави како една од опциите. Разговаравме со преставници на кинеската амбасада и уште пред некое време стапивме во контакт, кои што ни ги дадоа токму од кинеската амбасада. Сега чекаме детали во однос на договорот во однос на цената, во однос на испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите детали ќе ги имаме“, изјави синоќа во емисијата „360“, министерот за здравство, Венко Филипче за информацијата дека нашата земја е заинтересирана за купување на кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.

На прашањето, дали проблем може да биде тоа што овие вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови, министерот одговори:

„Сосема соодветни се документите, сертификатите што сите производители на вакцини ги имаат од своите матични земји. Во таа смисла, начинот на кој се евалуираат сите резултати од клиничките студии, процесот на изработка на вакцините, конкретно овие за кои зборуваме, е одлично познат на нашите експерти. Токму тоа го анализираа буквално за сите вакцини кои се сега на пазарот, така што, нема никаква административна пречка и, секако, дека нема сомнеж во нивниот квалитет“, потенцира Филипче.

Промовирани огласи »

Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на зараза со новата мутација на коронавирусот, која брзо се шири низ Велика Британија.

Симптомите се слични како кај последната варијанта на коронавирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски „Експрес“.

Симптомите кај заразените со новата мутација на коронавирусот може да варираат од исклучително тешки до речиси незабележливи.
Американскиот експерт Ентони Фаучи истакна дека пациентите можат да чувствуваат отежнато дишење и болка во мускулите и зглобовите дури и откако вирусот ќе го напушти нивното тело.

Во извештај неодамна објавен во Велика Британија се вели дека постојат „реални можности“ кај заразените со новата мутација на коронавирус да е утврдена поголема стапка на смртност.

Иако податоците дефинитивно не потврдија поголема смртност, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека „постојат некои докази дека новата мутација на коронавирусот е поврзана со поголема стапка на смртност“, јави Си-Ен-Ен.

Промовирани огласи »

Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Како што информира Министерството за финансии, барањата можат да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години.

Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитно способни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

За проектот може да аплицираат лица кои се или не се во брак, a кои ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот и куќата кои се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така станбената површина не смее да надминува 150 м2.

 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »