Промовирани огласи »

Мариналеда е град во Андалузија, во јужниот дел на Шпанија, кој на површина од 25 километри квадратни има околу 2.700 жители.

Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички убедувања. Наместо блескави реклами и билборди - уличната уметност во облик на графити и мурали со пораки за поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела го красат градот. Улиците се крстени по имињата на славни борци за правата на работниците, како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот од Шпанија се бори со локалната олигархија и странските банки кои ја преземаат земјата, одлуките во ова гратче се носат директно по демократски пат на неделни состаноци кои најчесто ги посетуваат 300-400 жители. Додека невработеноста во Шпанија достигна стапка од 27 отсто, во Мариналеда е постигната речиси целосна вработеност на населението. 

Наливот на луѓе кои сакаат да се доселат тука е толку голем што е воведена листа на чекање - а се чека и до две години. До сега се изградени околу 350 куќи, а следната година би требало да се изградат уште 250. Просечната месечна плата изнесува 1.200 евра. Можеби ова и не звучи како многу, но кога ќе ја погледнете цената на домување, која изнесува 15 евра месечно, јасно е дека со оваа плата можете сосема комфортно да живеете.

Градот исто така обезбедува бесплатен пристап до интернет. Фасцинантни се и спортските објекти во овој град со одвај 2.000 жители - тој има две големи фудбалски игралишта, терен за кошарка, терен за тенис, сквош, одбојка и базен. Сите овие објекти им се бесплатно достапни на располагање на жителите на градот (освен базенот за кој се плаќа годишен надоместок). Мариналеда има своја црква, но учеството во црковните активности е многу слабо. 

Во овој град луѓето сами си ги градат своите куќи, а еден од нив е и Дејвид Гонзалес Молина. Откако поминал две години како регистриран жител на Мариналеда, од локалните власти го добива материјалот потребен за изградба на куќа, а дури откако ќе ја изгради започнува да и' плаќа 15 евра месечно на истата таа влада за да се надоместат трошоците за искористениот материјал. 

Се разбира, со оглед на тоа дека не знаат сите да градат куќа, владата во помош им испраќа професионални градежници и архитекти кои им помагаат во изградбата. Куќите не можат да се продадат, што се спречува можноста за профитирање. Еднаш месечно во градот се одбележува т.н. Црвена недела кога некој на пленум изнесува идеја околу тоа како би можеле да го направат градот уште подобар или поубав. Доколку диејата биде прифатена, волонтерите се собираат да ја завршат таа работа. Некогаш станува збор за чистење на улиците уили поправка на куќите. 

Градот си има и своја сопствена телевизија и радио канал, а неодамна на гости во студиото дошла и ќерката на Че Гевара. Полицијата овде не постои. 



Според шпанскиот закон, според бројот на жители би требало да имаме околу 4 до 7 полицајци. Но не ни требаат. Бидејќи тука се се базира на доброволна основа, сите заедно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коезигстенција, објаснува градоначалникот. 

Промовирани огласи »

Русија драстично го менува ставот кон употребата на биткоинот во платниот промет, па истиот може да биде легализиран следната година како легитимно средство за плаќање на интернет и различни трговски трансакции. 

Во Русија постои голем напредок кон ова прашање, па така министерот за финансии Мојсев кој најпрво се противеше на биткоинот сега вели дека од пресудно значење ќе биде следењето на криптовалутите во сајбер просторот со цел навремено да се откри ако се користат за финансиски измами, криминални трансакции и нелегални активности.

Следен чекор во Русија би бил избор на национална криптовалута и тоа најверојатно биткоинот, но засега оваа идеја сеуште не била предмет на разговори на целата руска влада.

Промовирани огласи »

Корисникот што стои зад каналот EverythingApplePro ја тестира отпорноста на новиот Samsung Galaxy S8 и iPhone 7 Plus. Со тестирањето е докажано дека телефонот на Samsung лесно се крши од задната страна и има поголема тежина, додека iPhone 7 Plus е лесен и не се крши.

Меѓутоа, новиот Infinite Display на Samsung Galaxy S8 излезе многу подобар од дисплејот на iPhone 7 Plus, затоа што продолжи беспрекорно да функционира. Погледнете на видеото одозгора.

Промовирани огласи »

На меѓународниот самит за туристички дестинации во Пекинг, Кина во топ 5 влезе и една наша соседна земја. 

Во топ 5 се Србија, Салзбург, Египет, Германија и Полска. 

До овие резултати е дојдено со гласање на кинески организатори на патувања и туристички агенции. 

На самитот имаше 500 посетители од повеќе од 50 земји. 

Кинескиот пазар е најголем во светот и во 2017 година имало 127 милиони посети на Кинези во странство. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »