Промовирани огласи »

Враќањето на редовните линии до Скопје на „Флај Дубаи“ и „Катар ервејс“ се одложени до најмалку крајот на годинава.

„Катар ервејс“ веќе некое време го одложуваше обновувањето на линијата Доха-Скопје и тоа нема да се случи ни во октомври, како што претходно беше планирано, откако беше прекината продажбата на билети. Авиокомпанијата соопшти дека оваа линија се суспендира на неодредено време, но дефинитивно нема да има летови пред 2022 година, пишува СДК.мк

„Флај Дубаи“ истовремено го одложи враќањето на летовите од Дубаи за Скопје. Тие требаше повторно да почнат на 28 март, а новиот датум е 1 ноември, но и тој не е сигурен.

Овие линии најмногу ги користеа патниците кои транзитираат кон Австралија и Нов Зеланд каде што моментално е на сила забрана за влез за сите странски државјани.

Промовирани огласи »

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти и физички лица и воведува можност за зголемено количество мобиленинтернет и зголемен попуст занови смарт телефониидигитални уреди кои го прават секојдневието многу поедноставно.

Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo,достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници на пакетот А1 Net M+ TV M со две мобилни линии A1 Neo M+, добиваат супербрз интернет, ТВ со најквалитетна слика на пазарот,  вклучени Арена Спорт канали и до 20.000 денари попуст за било кој тип нов уред што ќе го изберат од богатата понуда на А1.

Новите дигитални алатки овозможуваат сè поинтересни начини да останеме поврзани со најблиските. Инспирирани од потребите на корисниците да ги истражуваат новите можности и да го исполнат секојдневието со повеќе забавни содржини, креиравме специјална промоција со која добиваат многу повеќе интернет и голем попуст за смартфон или телевизор по избор. Конвергентната понуда останува во главен фокус: корисниците кои ги користат сите телекомуникациски услуги во А1 секогаш добиваат најмногу вредност со најатрактивни цени и релевантни содржини прилагодени на нивните потреби, изјави Елена Панова, Директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници од А1 Македонија.

Со најновата промоција на А1, корисниците на мобилната телефонија кои ќе склучат нов договор или ќе направат обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ добиваат 30GB мобилен интернет како и можност да изберат нов смарт телефон по најповолни цени, а дополнително, ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef за други услуги.

Со оваа најнова промоција, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум  корисничко искуство.

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

ПР објава

Промовирани огласи »

„Европскиот извештај – Извештај за сообраќајна незгода“ е образец изготвен од Националното биро за осигурување. Истиот се добива бесплатно од друштвото за осигурување при склучување договор за задолжително осигурување (полиса) и на неговата задна страна содржи упатство за употреба во кое детално се наведени начинот и условите за негово користење.

Многу често возачите се во дилема: „Дали да се повика полиција или да се пополни Европски извештај? Дали, кога и како се користи Европскиот извештај? Прашањето е често пати поставувано, па токму затоа, РСБСП со појаснување за најголемите дилеми на возачите поврзани со Европскиот извештај.

Европски извештај се пополнува само во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европски извештај не се пополнува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета. Под „мала материјална штета во сообраќајна незгода“ се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и за запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.

Возачите - учесници во сообраќајна  незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот. Прекршочен платен налог во износ од 250 евра, во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно од наведената одредба.

Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.

Европскиот извештај не претставува признавање вина и не значи дека меѓу возачите е постигната согласност за вината во сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина, туку служи единствено за утврдување на фактичката состојба.

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода (Европски извештај не се пополнува во сообраќајна незгода) во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случај кога:

eдно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано

eдно од возилата има странска регистарска таблица

е очигледно дека еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции

еден од возачите не поседува возачка  дозвола од соодветната категорија

на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола – забрана за управување со моторно возило

еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото

еден од возачите го напуштил  местото на сообраќајната незгода

ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода

Сопственикот на возилото е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанувањето на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај во рок од 30 дена од настанувањето на незгодата.

Учесниците во сообраќајната незгода,  на барање на одговорното друштво за осигурување, се должни опширно да известат за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, во спротивно, се должни да ја надоместат штетата настаната од неисполнување на обврската за известување.

Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета во која учествуваат две возила, се пополнува само еден комплет Европски извештај. Доколку во незгодата учествуваат три возила, се пополнуваат два комплета, четири возила – три комплета, итн. Притоа, воопшто не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој го пополнува.

При пополнувањето на Европскиот извештај  важно е да се користи хемиско пенкало. 

Во  случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета се препорачува учесниците во сообраќајната незгода да направат фотографии од  поголема и непосредна оддалеченост,  да се фотографира состојбата на возилата, оштетувањата, отпаднати делови, местото на незгодата,  трагови на кочење, итн.

Придобивките од  користење на  „Европски извештај “ се повеќекратни и тоа:

Намалување на сообраќајниот метеж после случена сообраќајна незгода со мала материјална штета

Побезбедно одвивање на сообраќајот

Брзо и ефикасно обесштетување на оштетените странки

Помалку административни процедури и заштеда на време и пари

Намалување на можноста за дополнителни санкции, итн.

РСБСП со апел до учесниците во сообраќајот: Возете внимателно и бидете  одговорни учесници во сообраќајот. Бидете одговорни и во случај на сообраќајна незгода и постапувајте согласно законот и принципите на хуманост и солидарност.

Промовирани огласи »

Привремено се ограничува распределбата и исплатата на дивидендите во банките.

Оваа одлука вчера ја донел Советот на НБМ.

Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците.

Како што беше истакнато на седницата, со појавата на пандемијата на ковид-19, Народната банка донесе повеќе мерки за монетарно олабавување и регулаторна флексибилност, како поддршка на банкарскиот систем и економијата во целина, во услови на криза. Најновите показатели потврдуваат дека банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни. Сепак, неизвесноста од корона-кризата сè уште трае. Поради тоа, со Одлуката донесена на денешната седница, којашто е времена мерка, се делува превентивно, за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза, соопштија од НБМ.

Одлуката е од привремен карактер и ќе важи до крајот на оваа година, а Народната банка, најдоцна до 30 септември, повторно ќе ги оцени околностите со пандемијата поради кои е донесена одлуката. Во зависност од оцената, Народната банка може предвремено да го укине ограничувањето од оваа одлука.

Како што беше нагласено на седницата, токму поради неизвесноста којашто сѐ уште постои, се очекува дека банките, како и досега, и натаму претпазливо ќе ги планираат своите капитални потреби и ќе му дадат приоритет на зачувувањето и на натамошното јакнење на капиталните ресурси. Ова е од исклучително значење за натамошно зачувување и јакнење на стабилноста на банкарскиот систем, како и за обезбедување натамошна солидна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Заради корона-кризата, вакви привремени ограничувања во однос на дивидендите се воведени и во земји од регионот и пошироко.

Советот ги разгледа и ги усвои Финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2020 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. 

Согласно со мислењето на независниот ревизор, коешто беше презентирано на седницата, Финансиските извештаи ја прикажуваат објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Народната банка на 31 декември 2020 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што тогаш завршува, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување, велат од НБМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »