Промовирани огласи »

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот користат криптовалути, а интересно е што меѓу нив има се повеќе членови на „Генерација X“ и „бејби бумери“ кои инаку не веруваа во дигиталните валути.

Извештајот на една крипто менувачница проценува дека во моментов има 106 милиони корисници на крипто-валути, што е скок од 16 проценти само во последниот месец.

Друго истражување на консултантска компанија покажува дека 70% од клиентите се постари од 55 години и дека тие веќе инвестирале во некоја од овие валути, што е особено интересно бидејќи биткоинот и другите монети се поврзани главно со помлади клиенти.

Двајцата објаснуваат дека причината за скокот на популарноста на криптовалутите кај сите генерации е ненадејниот скок на биткоинот во последната година.

Најпопуларната криптовалута во светот - биткоин, во петокот се тргуваше по цена од околу 50.300 долари. Оваа дигитална паричка вредеше толку многу претходното утро, а во изминатите 24 часа.

Во текот на минатата недела, оваа дигитална валута расте вртоглаво од ден на ден и практично од час на час, а една од главните причини беше вклученоста на големите инвеститори во набавката на биткоин.

Сè започна со компанијата Тесла, која купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а потоа од Епл дојде најава дека може да се случи истото.

Промовирани огласи »

Трудовиот сектор при Левица денеска со фејбук статус реагираше дека деновиве голем дел од функционерите на власта пласираат лажна вест дека платите во Република Македонија се во пораст и дека стандардот се подобрува, коритејќи ја како „доказ“ просечната плата .

„Деновиве голем дел од функционерите од редовите на оваа власт пласираат лажна вест дека платите во Република Македонија се во пораст и дека стандардот се подобрува, при што како ‘доказ’ ја користат просечната плата.
Имено, просечната плата не ја доловува вистинската слика за платите кои што ги добиваат работниците, туку е само просек од она што го добиваат најсиромашните работници, наспрема приходите на најбогатите. Ова е класична манипулација која што се случува години наназад и овој тренд мора да запре!
 
Затоа, Левица како работничка партија се залага за воведување на пресметка на СРЕДНА ПЛАТА, со што ќе се стави крај на извртувањето на фактите на пазарот на труд и ќе се прикаже екстремната класна разлика помеѓу граѓаните“, стои во фејсбук статусот на Трудовиот сектор на Левица.
 
Порталот Работник се обрати до координаторот на Трудовиот сектор на Левица Бобан Кочовски за да дознае повеќе околу нивното барање за воведување на пресметка на „Средна плата“.
 
Кочовски за порталот Работник рече дека моменталното “зголемување“ на просечната плата кое што триумфалистички е презентирано од вицепремиерот Битиќи поради наводно водење на добри политики од страна на Владата не е ништо друго туку обид за себепромоција и добивање на ефтини политички поени на грбот на народот.
 
Многу добро знаеме дека голем удел во последниот “пораст“ на просечната плата се отказите кои што беа доделени на десетици илјади работници кои што добиваа ниски плати, со што статистички се подобри вкупниот просек за кој Владата и нејзините апологети толку многу се гордеат, вели Кочовски. 

Според него, поради тоа е потребно воведување на пресметка на Средна плата, метод на пресметување на платите кој што е дијаметрално различен од пресметката на просечната плата,со што би се отстраниле сите потенцијални манипулации кои што се вршат од страна на функционерите и државните органи. 

Со воведувањето на пресметката на средна плата ќе се добие реалната слика за тоа колку навистина добиваат работниците во Република Македонија, со што ќе се добие правилна насока на делување и подобрување на условите за работниците, за разлика од досегашното создавање на илузија во која што платите “растат“ а условите за работа се “подобруваат“, вели Кочовски. 

Тој појасни дека Средната плата во принцип претставува медијаната, односно поради тоа што висината на платите помеѓу работниците не е правилно распределена постои огромна разлика помеѓу најмалата и најголемата плата. Наједноставно кажано, вели тој, доколку би правеле споредба помеѓу 10 плати на работници, од најниската до највисоката, средната плата би била онаа која што ја добива лицето број 5, односно она што е на средината од спектарот на плати.

Целиот текст прочитајте го на Rabotnik.com.mk

Промовирани огласи »

Грција дополнително ги зајакнува мерките за заштита од коронавирусот на граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, кои ќе работат од 7 до 19 часот, наместо до 23 часот, а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките, попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој рече дека „за да избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки, од понеделник 1 март во 6 часот наутро до понеделник 15 март во 6 часот наутро”, се воведуваат рестрикциите.

На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез, а за сите, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Промовирани огласи »

Треба да се засили кампањата за вакцинација против коронавирус во Европската унија.

Шефовите на влади на ЕУ одлучиле да се формира единствен здравствен пасош, што ќе им овозможи на вакцинираните лица одредени слободи, како што се патувања или учество на конференции и културни настани. Освен политичари од Грција, Кипар и Шпанија, за медицински пасош се залага и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Во седум земји на ЕУ, бројот на заразени повторно се зголемува, и покрај различните мерки за заклучување“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен. 

Во 20 други земји-членки на ЕУ, тој број се намалува или стагнира. Германија веќе е пред трет бран.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »