Промовирани огласи »

Претставници на компании, граѓански организации, носители и спроведувачи на политики, сите заедно седнаа на маса со цел да се договорат како да направат подобар социјален импакт во општеството, во рамки на првиот Форум на добри компании, на тема: „Трансформација на општеството преку бизнисите“ што денес се одржа во Скопје.

Форумот е во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, и негова цел е да понуди информации и да даде придонес во создавањето вредности кај засегнатите страни преку прикажување добри практики од светот и преку овозможување увид во сегашната состојба на општеството.

Гостин на Форумот беше Мартен Дресен, холандски претприемач, основачот на „Good Hospitality Group“, кој го сподели искуството на создавањето на „Добар хотел“, пловечка конструкција која привлекува илјадници туристи, особено оние кои ја разбираат својата улога во создавањето можности за луѓето од маргините.

„Во социјалниот бизнис како „Добар хотел“, акцентот е ставен на луѓето и креирањето вредности, а не само на профитот. Фокусирајте се на луѓето, обидете се да ги мотивирате, да ги задржите и тоа ќе даде резултати на крајот. Најдобар случај е кога се постигнува баланс, остварување добивка и вреднување на човечкиот фактор“, порача Дресен на првиот Форум на добри компании во Скопје.

Климентина Илијевски, извршната директорка на „Паблик“, нагласи дека во светот се случува рапидно зголемување на инвестирањето во социјален импакт, зашто очекувањата од бизнисот, за придонес кон општеството никогаш не биле поголеми.

Купувачите се менуваат и тие очекуваат промена на вредностите на компаниите и усогласување на нивните мисии со брзорастечките нови потреби на општеството, на планетата, на човекот. Во суштина, културата на општествена одговорност е основната клетка со која започнува раѓањето на организмот моќен да направи позитивни промени во општеството“, вели Илијевски.

За амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, Форумот е настан каде треба да се изродат нови идеи за решавање на социјалните нееднаквости и предизвици.

Холандија е долгогодишен пријател на Македонија, и во изминатите 20 години сме поддржале и работиме со многу граѓански организации и компании. Длабоко веруваме во концептот дека 1 плус 1 може да биде 3, и оттаму мотивацијата да ги доведеме овие два сектора на едно место денес. Затоа што, предизвиците на национално и на глобално ниво не можат да бидат адресирани од само еден сектор, и затоа што веруваме дека синергијата може да биде двигател на позитивни промени и напредок на општеството“, сподели Пломп.

Меѓу говорниците беше и Ренате Лакнер Гас, прв човек на одделот на корпоративна општествена одговорност на ЕВН од Виена. Таа говореше за улогата на партнерството во остварување успешна корпоративна општествена одговорност.

Кога делуваме одговорно, мораме да размислуваме на кој начин можеме да вложиме во општеството. Основниот бизнис секогаш треба да потенцира која е општествената улога на производот, но, и вредностите на компанијата“, порача таа.

По Лакнер Гас, на тема: „Луѓето се бизнисот, бизнисот се луѓето“, зборуваше Марина Анчевска, од Центарот за бизнис психологија, која нагласи дека сите ние дејствуваме системски, поврзано.

Време е да ги отстраниме стереотипните однесувања и дејствувања дека немаме влијание и ништо не зависи од нас. Време е да размислуваме колективно. Општествениот систем е изграден од индивидуалци кои што веруваат дека нивниот придонес е значаен во градењето на еден свет, во кој што сите припаѓаме. Единствено што ни укажува на тоа дека дејствуваме колективно е нашето индивидуално чувството на припадност“, потенцираше Анчевска.

Форматот на настанот беше неформален и интерактивен, го дизајнираше Холистик комуникации. 

Промовирани огласи »

По примерот на своите конкуренти и Google денес ја претстави својата нова програма Аpp Maker за лесно и брзо креирање на едноставни базични апликации. Овој нов сервис претставува “drag and drop” или “повлечи и постави” средина во која лесно можете да креирате и едитирате кориснички интерфејс.

Подоцна истиот ќе можете лесно да го пополните со податоци само со еден клик од вашите G Suite апликации како Google maps, Contacts, Groups и други. Исто така апликацијата содржи функции за поставување на веќе изградени шаблони, што во голема мера го олеснува процесот на изработка. Веќе креираната апликација  работи на иста инфраструктура и е менаџирана од нејзините админи на ист начин како апликациите G Suite на Google.

Потребата за креирање на ваков вид на апликации се јавува поради настанувањето на проблеми во опкружувањето на една компанија. Проблемите како следење на решенија, следење на наредби, следење на евиденција, можат да бидат решени со нивно едноставно дигитализирање и сместување во едноставна апликација.

Oд Google потецнираат дека со едноставноста на Аpp Maker секој почетник со многу малку познавања ќе биде во можност да креира апликација без да треба истата самиот да ја кодира и програмира. За корисницте кои што ги поседуваат соодветните познавања и кои сакаат да се впуштат во подлабока авантура со апликацијата ќе биде достапен и уредник за скриптирање.

Покрај претставувањето на својата нова програма, Google најави и зголемување на бројот на апликации во G Suite програмата. Нови партнери кои се приклучуваат во оваа програма се Virtru, LumApps, DocuSign, Freshdisc, Zoho Invoice, Xerox и Asana.

Промовирани огласи »

Го имаме задоволството да ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, и оваа година, на 6-ти Декември, во просториите на МКЦ (младинскиот културен центар) повторно ќе организира НВО Саем, овојпат со наслов “Преку Волонтерство до Активно Граѓанство”. Одбраниот датум за одржување на саемот е во насока и на одбележување на 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството.

На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија/НВО-а/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле за бенефит на граѓаните на Град Скопје. 

За подобро вмрежување на присутните здруженија/фондации, оваа година предвидовме и организација на три тематски мини-форуми, на кои што вие и вашето здружение можете да завземете учество (доколку сте заинтересирани, не се задолжителни). За време на форумите, ќе се запознаете подобро со работата/активностите на други сродни здруженија и ќе имате можност да дискутирате за идеи/сугестии за понатамошна соработка.

Мината година како учесници имаше повеќе од 60 невладини организации и повеќе од 400 посетители... Повелете, придружете се кон оваа иницијатива и оваа година! 

Промовирани огласи »

На 1ви Декември со почеток во 12:00 часот, во ИНФО-КЛУБОТ во Битола се одржа саемот за Кариера. Тимот на KARIERA.mk успешно се претстави потенцирајќи ја идеата и можностите кои овој сајт ги нуди на младите лица и што нас не прави поразлични од другите. Студентите и останатите присутни беа информирани како можат полесно да дојдат до вработување и да го надоградат своето знаење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »