Секој ден кога се појавувате на работното место може да начекате општ хаос или сосем различна ситуација од вчерашната. Шефот ти го отпуштиле, или колешката ја зела заслугата за твојот проект, во тимот се нарушени меѓучовечките односи и што ли уште не. Многу несекојдневни настани ќе обележуваат твојата кариера, но најчестите би биле преоптеретеност со обврски, помало вреднување на завршените обврски, итн.
Добрите вести? Овие настани не мора да ве носат директно во мизерија. Најчесто овие пречки во работата може да се наутрализираат само ако знаете како да им пристапите. Следува преглед на 5-те најчести пречки на работното место.
Пренатрупаност со работа
Доколку бројот на работни обврски драстично пораснал во последниот период и се чувствуваш како да мораш да избереш меѓу завршување на сите обврски или квалитетно извршување на истите, што дури и одењето во тоалет ти претставува стрес, навистина е време да разговараш со твојот претпоставен околу намалување на бројката на работни обврски.
Што да направиш...
Одбери момент кога твојот претпоставен не е во брзање и побарај да се видите. Објасни му дека бројката на работни обврски станала невозможна за менаџирање и зошто, на пример, одреден профил бара дупло повеќе внимание од претходно или си презел обврски од вработен кој дал отказ, па никој не се потрудил да ти намали од работата до тој момент.
Објаснувањето зошто е тоа така може да оди во прилог на решението, зашто менаџерот така полесно ќе навлезе во контекстот на твојата поента. Потоа, предложи неколку можности за решавање на случајот. На пример, доколку имаш 3 работни обврски, објасни дека доколку две од нив ги завршуваш третата ќе изгуби на квалитет, или дека можеш да му помагаш на тој на кој би му била доделена третата, но не и целосно да зависи од тебе. Доколку твојот менаџер не смисли решение на овој проблем, ќе мора самостојно да предложиш опции кои би ти помогнале да бидеш најпродуктивен.
Твојот менаџер дал или добил отказ
Претпоставениот кој постојано ја ценеше твојата работа и ти помагаше за повеќе успешни проекти го напушта работното место, а ти си загрижен дали и наследникот би се однесувал исто кон твојот труд, или едноставно дека нема да биде истата работна енергија како претходно.
Што да направиш…
Остани смирен. Новиот претпоставен може да биде ист како претходниот, а можеби и подобар. Или пак може да испадне дека не можеш да работиш со него, но тоа не значи дека ќе остане така и откако доволно ќе се запознаете. Сепак, нема ништо лошо во тоа да си го средиш резимето и да бидеш подготвен за сите можни сценарија и да видиш како ќе биде без да преземаш драстични чекори.
Во меѓувреме, она што можеш да го направиш е да работиш на случајот твојот оддел да работи без прекин, што може да ти помогне за подобрување на репутацијата на работното место. Исто така, важно е да пробаш да бидеш постојано од помош на новиот менаџер, оставајќи му простор да ја види твојата способност. Всушност, малкумина од нас сакаат да бидат вреднувани само според првите недели на новото работно место.
Твојот менаџер не го забележува твојот труд
Завршуваш еден тон обврски, постојано привлекуваш нови клиенти и во сите сфери од работата си скоро најдобар, а ништо од ова не е фатено на радарот на твојот менаџер.
Што да направиш…
Потребата за признание дека сте завршиле добра работа е природна појава, но реалноста е дека малкумина од менаџерите ја следат работата во детали како што самите го правиме тоа, така што најчесто ќе очекуваат од тебе да им кажеш што е сработено во текот на денот. Не чекај некој да ја препознае твојата работа, биди сам свој гласник! Можеби ќе ти биде непријатно сам да се фалиш, но само така твојот менаџер ќе има претстава што е точно сработено.
Истакни ги клучните победи додека зборуваш и не се срами некогаш и да претераш. Не се работи за фалење, ако зборуваш на овој начин: „Клиентот беше презадоволен од тоа што сме го испратиле минатата недела, а дизајните кои му ги покажав само го потврдија продолжувањето на договорот.“ На овој начин се пренесуваат информациите за тоа што е сработено и како клиентот реагирал на истото.
Сепак, пренесувањето на информациите не значи дека постојано треба да ја кажуваш секоја ситна пофалба во однос на работата, задржи се на клучните елементи за да го оформиш позитивно генералното мислење за твојата работа.