Промовирани огласи »

Секој ден кога се појавувате на работното место може да начекате општ хаос или сосем различна ситуација од вчерашната. Шефот ти го отпуштиле, или колешката ја зела заслугата за твојот проект, во тимот се нарушени меѓучовечките односи и што ли уште не. Многу несекојдневни настани ќе обележуваат твојата кариера, но најчестите би биле преоптеретеност со обврски, помало вреднување на завршените обврски, итн. 

Добрите вести? Овие настани не мора да ве носат директно во мизерија. Најчесто овие пречки во работата може да се наутрализираат само ако знаете како да им пристапите. Следува преглед на 5-те најчести пречки на работното место.

Пренатрупаност со работа

Bridging the Expectation-Reality Gap to Eradicate Overwhelm at Work

Доколку бројот на работни обврски драстично пораснал во последниот период и се чувствуваш како да мораш да избереш меѓу завршување на сите обврски или квалитетно извршување на истите, што дури и одењето во тоалет ти претставува стрес, навистина е време да разговараш со твојот претпоставен околу намалување на бројката на работни обврски. 

Што да направиш...

Одбери момент кога твојот претпоставен не е во брзање и побарај да се видите. Објасни му дека бројката на работни обврски станала невозможна за менаџирање и зошто, на пример, одреден профил бара дупло повеќе внимание од претходно или си презел обврски од вработен кој дал отказ, па никој не се потрудил да ти намали од работата до тој момент. 

Објаснувањето зошто е тоа така може да оди во прилог на решението, зашто менаџерот така полесно ќе навлезе во контекстот на твојата поента. Потоа, предложи неколку можности за решавање на случајот. На пример, доколку имаш 3 работни обврски, објасни дека доколку две од нив ги завршуваш третата ќе изгуби на квалитет, или дека можеш да му помагаш на тој на кој би му била доделена третата, но не и целосно да зависи од тебе. Доколку твојот менаџер не смисли решение на овој проблем, ќе мора самостојно да предложиш опции кои би ти помогнале да бидеш најпродуктивен. 

Твојот менаџер дал или добил отказ

Претпоставениот кој постојано ја ценеше твојата работа и ти помагаше за повеќе успешни проекти го напушта работното место, а ти си загрижен дали и наследникот би се однесувал исто кон твојот труд, или едноставно дека нема да биде истата работна енергија како претходно. 

Што да направиш…

Остани смирен. Новиот претпоставен може да биде ист како претходниот, а можеби и подобар. Или пак може да испадне дека не можеш да работиш со него, но тоа не значи дека ќе остане така и откако доволно ќе се запознаете. Сепак, нема ништо лошо во тоа да си го средиш резимето и да бидеш подготвен за сите можни сценарија и да видиш како ќе биде без да преземаш драстични чекори. 

Во меѓувреме, она што можеш да го направиш е да работиш на случајот твојот оддел да работи без прекин, што може да ти помогне за подобрување на репутацијата на работното место. Исто така, важно е да пробаш да бидеш постојано од помош на новиот менаџер, оставајќи му простор да ја види твојата способност. Всушност, малкумина од нас сакаат да бидат вреднувани само според првите недели на новото работно место. 

Твојот менаџер не го забележува твојот труд

5 things you can do to stop being overwhelmed at work - Monsterindia.com

Завршуваш еден тон обврски, постојано привлекуваш нови клиенти и во сите сфери од работата си скоро најдобар, а ништо од ова не е фатено на радарот на твојот менаџер. 

Што да направиш…

Потребата за признание дека сте завршиле добра работа е природна појава, но реалноста е дека малкумина од менаџерите ја следат работата во детали како што самите го правиме тоа, така што најчесто ќе очекуваат од тебе да им кажеш што е сработено во текот на денот. Не чекај некој да ја препознае твојата работа, биди сам свој гласник! Можеби ќе ти биде непријатно сам да се фалиш, но само така твојот менаџер ќе има претстава што е точно сработено. 

Истакни ги клучните победи додека зборуваш и не се срами некогаш и да претераш. Не се работи за фалење, ако зборуваш на овој начин: „Клиентот беше презадоволен од тоа што сме го испратиле минатата недела, а дизајните кои му ги покажав само го потврдија продолжувањето на договорот.“ На овој начин се пренесуваат информациите за тоа што е сработено и како клиентот реагирал на истото. 

Сепак, пренесувањето на информациите не значи дека постојано треба да ја кажуваш секоја ситна пофалба во однос на работата, задржи се на клучните елементи за да го оформиш позитивно генералното мислење за твојата работа. 

Промовирани огласи »

Вирусот е повеќе проширен кај младите под 30 години а секој трет скопјанец стекнал имунитет на Ковид-19. Од Институтот направија теренски скрининг за да проверат колку од граѓаните имаат анти-тела и уште колку ни останува до стекнување на колективен имунитет. Теренската проверка се одвиваше неколку дена во 4 скопски општини Аеродром, на две локации во Центар, Чаир и Карпош на околу 1000 случајни минувачи.

Проф. Д-р Александар Петличковски директор на Институт за имунологија (Секој трет човек што шета по улица има поминато и има имунитет на оваа болест. Старосна – кај групацијата под 30 години имаме почеста преваленција. Ако вкупниот 31% кај изолираната група е 39% повеќе проширен е кај младите. Ретко слушаме дека некој стигнал до болница. Да знаеме до каде сме и уште колку ни треба. Околу 70 малку помалку % ќе имаат имунитет.

Државата фокусот со сите сили да го стави на вакцините и за истото да  направи стратегија, оние кои прележале да се вакцинираат со една доза смета  Петличковски.

„По мене е многу разумно да донесеме став дека оние кои ја поминале болеста треба една доза да примат по 6 месеци од поминувањње на болеста. Многу понапредни земји на овој начин, особено во услови кога немаме услови за сите да се имунизираат.Многу светски студии и наши студии покажуваат дека една доза на вакцина ( фајзер) претп мн блиски паралелно оди со Спутник, јасно покажуваат дека по 1 доза антителата се мн мн високи. Овој ефект сумарен од болест и една доза е по сигурно отколку две дози.

Од Нова Година Институтот користи по сензитивни тестови за откривање на антителата што водат до неутрализирање на вирусот.

Промовирани огласи »

Полициски час од 17 часот попладнето до 05 часот утрото, следниот ден од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на тековнава недела односно за викенд. Се размислувало дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција сега е малку веројатна, тврди извор на Фактор кој потврдува дека од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека нема таква одлука се уште. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок.

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека нема најави за нови состаноци, а неофицијално тврдат дека нивната улога во последниот период е безначајна затоа што одлуките не се дискутираат на ниво како кога почна епидемијата на Ковид-19.

Одлуката за заострување на мерките би можела да се донесе и поради зголемениот број на семејни собирања, но најмногу поради полнењето на кафулињата и рестораните особено во викенд деновите. 

Во викендот што помина инспекторите од Државниот пазарен инспекторат затекнаа во неколку скопски локали гужви кои беа прекинати, а објектите беа затворени.

Во Македонија на сила е полициски час од 22 часот до 05 часот наутро. Лoкалите работат до 21 часот.

Mикробиологот Никола Пановски вчера изјави дека најдобро решение е да се затворат угостителските објекти

„Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафулињата секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски“, вели  Пановски.

Mинатата недела во Македонија имаше високи бројки на заразени. Сега бројот на активни случаи е над 11.000. 

Насекаде во регионот има заострување на мерките. Во Србија можно е исто така да се носат мерки за затворање на угостителските објекти.

Промовирани огласи »

Скоро и да е невозможно да седнеме и да работиме само на една задача. Сигурно додека ја читате статијава ќе го проверите електронското сандаче од работа. 

Жонглирањето со различни задачи некогаш нè остава без здив, всушност сите сме имале „еден од тие денови“, кога се чувствуваме како да имаме премногу обврски, а малку постигнуваме.

Дури и навечер го правиме истото. Јадеме вечера со вклучен телевизор, слушаме радио додека читаме книга… Зошто не знаеме да седнеме и да се фокусираме на една работа?

Тоа нè одвлекува од нашата главна цел, но има и докази кои сугерираат дека мултитаскингот е лош за нашиот мозок! Звучи сериозно, нели? Можеби е време да поработите на нова работна рутина.

Зошто го правиме тоа?

Едноставниот одговор? Тешко е да одолееме.

Технологијата направи сè толку брзо и лесно. Нашите смарт телефони се уреди слични на ножеви од швајцарската армија кои ни овозможуваат да направиме од сè по нешто, од резервација за одмор до штимање на гитарата.

Со апликација за сè, тешко е да не се обидете и да ја исцедите вредноста од секоја секунда од денот. Ручек со пријателите? Обавезно проверете го Фејсбукот за да видите што прават останатите пријатели!

Науката позади оваа потреба

Која е науката што стои позади нашата опсесија да не потрошиме ни секунда во денот?

Зошто се чувствуваме добро?

Нашиот мозок е одличен кога сака да нè измами да мислиме дека сме ефикасни. Студиите покажуваат дека мултитаскингот има тенденција да доведе до лачење на допамин - "хормонот на среќата". Нестрпливи сме да се наградиме самите што сме завршиле толку многу работи одеднаш!

Центрите за награда на мозокот се стимулирани кога жонглираме со задачите - секој пат кога ќе погледнеме сјајна нова е-пошта, твит или СМС-порака, лачиме мали импулси на задоволство. Не е ни чудо што е толку лесно да станете расеани.

Зошто е всушност лош мултитаскингот?

Мултитаскингот нè прави стресни. Докажано е дека мултитаскингот предизвикува лачење на кортизол - стрес-хормонот кој влијае на сè, од вашиот ментален капацитет до вашата мускулна маса. Така што, ако сепак решите да продолжите со мултитаскинг - кажете им збогум на стомачните!

Дали сакате да го избегнете ова? Мора да е лесно како кога ги игнорирате тие нови пораки, нели?

Погрешно. Најновите истражувања сугерираат дека дури и можноста за извршување повеќе задачи ја намалува нашата способност за решавање проблеми и ефикасно раководење со задачите за приближно 10 IQ поени. Само ако имате 1 непрочитана порака во вашето сандаче, може да ја уништи вашата продуктивност!

Дали некој е добар во мултитаскинг воопшто?

Сигурно помислувате дека постојаната изложеност на голем број задачи одеднаш би направила некои луѓе да станат експерти за жонглирање со различни задачи во исто време. Помислувате и дека некои луѓе би станале вешти во филтрирањето на информациите и уште попродуктивни.

Тоа би било логично, нели?

Па, логично или не, тоа не се случува. Истражувањата сугерираат дека оние кои работат на повеќе задачи одеднаш се далеку полоши во жонглирањето со различни задачи и прилагодувањето на ирелевантните информации.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »