За компанијата: Компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје се основа во 2007 година. Со постојан и динамичен развој се издвојува како посебна гранка од компанијата Елово комерц, којашто пак се занимава со електрика и инфраструктура и е основана во 1999 год.
повеќе за компанијата »РАКОВОДИТЕЛ НА ПОВРШИНСКИ КОП И ПОСТРОЈКА ЗА СЕПАРАЦИЈА
Степен на образование - ВСС
Стручна подготовка - Факултет за рударство, геологија и политехника, градежен/архитектонски
Вкупно работно искуство - 3 години
Познавање на странски јазик - Англиски јазик
Дополнителни критериуми, обуки - Познавање на законските прописи од областа на ридарство и градежништво
Работни обврски:
- Се грижи за правилно спроведување на откопната метода предвидена со главниот рударски проект
- Ги спроведува работните задачи издадени од Управителот
- Изготвува месечен распоред на експлоатација и производство
- Врши контрола на правилно и навремено извршување на работните задачи
- Се грижи за квалитативно и квантитативно извршување на поставените работни задачи и за истите доставува усмен или писмен извештај до Управителот
- Врши контрола на месечните и дневните извештаи и месечното остварување на планските количини.
- Ги спроведува одлуките на работоводниот орган и се грижи и одговара за спроведување на мерките за БЗР и важечките акти во Друштвото.
- Активно учествува во изготвувањето на годишните и месечните планови за производство и дава свои согледувања за подобрување на технолошкиот процес за остварување на истите
- Ја организира работата на дробиличното построение: врши распоред на работници, води работни налози, издава требовања, води евиденција за готови производи, за нивна испорака и воопшто целата евиденција за работа на дробиличното построение
- Пред да се пушти во работа дробиличното построение должен е да ја провери исправноста на траките, ситата, исправноста на заштитните средства и др. и доколку примети некои недостатоци дава налог на одржувачот на дробиличното построение да ги отстрани
- Одговорни се за квалитетот и квантитетот на производството, за навремена испорака и навремено извршување на сите работни задачи
- За својата работа одговара пред Управителот
Потребните документи за аплицирање како мотивационо писмо, CV, овластувања, потврди итн. да се пратат на маил - [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »