Промовирани огласи »

По две години со чувство на „замолченост“ од страна на властите во палатата, Меган Маркл конечно се огласи да ја раскаже својата страна на приказната кај Опра. Беспрекорно облечена во црно-бел фустан на преклоп, војвотката од Сасекс разговараше со нејзината пријателка Опра Винфри за нејзиниот живот во и надвор од палатата.

Како што беше ветено, ниту една тема не беше забранета, вклучително и дискусијата за гласините дека таа ја расплакала Кејт Мидлтон во инцидент пред нејзината венчавка. Таа разговараше за своите чувства во моментот кога дознала дека синот Арчи нема да биде именуван за принц и дека нема ја добие заштитата од страна на семејството и што е можеби најшокантно - откри дека во нејзините најтешки моменти, чувствувала дека „не сака да биде жива повеќе“. Исто така, Меган негираше дека била водечки играч во одлуката на парот да се откажат од кралскиот статус и да продолжат со сопствените животи и цели во релативната приватност на нивниот нов дом во Калифорнија.

Некои кралски набљудувачи веќе долго време тврдат дека војвотката намерно се прави жртва за да ги прикрие сопствените амбиции и агенда.  Bustle известува дека неколкумина од нив се занимавале со интервјуто за Опра уште пред да се емитува, тврдејќи дека таа приредувала добро шоу пред една пријателка.

Па, дали очигледната ранливост на Меган беше глума? 

Еден експерт за говор на тело нуди неколку мислења.

Рацете и устата на Меган откриваат приказна

Боуен, експертот за говор на тело, забележува дека војвотката изгледала најотворено кога зборувала за венчалните завети што таа и Хари ги размениле три дена пред големата кралска церемонија. „Кога се сеќава на среќни настани, таа е горда и смела во своите гестови“, вели тој. Но, нејзиниот говор на тело кога зборуваше за помалку пријатни работи беше уште поекспресивен. Гризењето на усните или ставањето рака на устата може да покаже дека се обидувате да не кажете премногу информации. Меган ги направи и двете гестикулации, едната кога зборуваше за нејзината наивност околу бракот со член на кралското семејство, а другата кога зборуваше за неименувани лица во палатата кои не ѝ давале поддршка.

Додека Меган кажуваше дека се чувствува „незаштитена“ од медиумите, таа ја спушти главата и ги покри очите што укажува на тоа дека таа се чувствувала „или засрамена заради тоа што не е заштитена, или засрамена за тоа како сега се чувствува кон институцијата затоа што не ја штити“, вели Боуен. Таа покажа индикации на стрес, како што се голтање и брзо дишење кога разговараше за такви непријатни теми како нејзините самоубиствени мисли и расизмот во рамките на „Фирмата“.

Што е со приказната за нејзиниот конфликт со Кејт? Меган ѝ кажа на Опра дека всушност, Кејт ја расплакала тој ден. Боуен вели дека гласните тонови на Меган и забрзаното трепкање „покажуваат дека приказната е вистинита“.

Меган Маркл ги сподели своите вистински чувства за тоа што ѝ се случувало

Во текот на целото двочасовно интервју, војвотката од Сасекс прикажуваше вистински емоции преку движењето на очите, устата и челото. Кога зборуваше за турнејата во Јужна Африка во која неславно му рече на еден новинар дека „не е во добра“, изразот на лицето го издаде притисокот врз неа. Боуен забележува дека нејзината „стапка на трепкање се покачи кога зборуваше за турнејата низ Јужна Африка и за болката што ја чувствува“.

Бидејќи работите се влошувале во семејството, Маркл открила дека нејзиниот син нема да ја добие заштитата како што би сакала. За време на овој сегмент од нивниот разговор, челото на Маркл ја раскажа приказната за тоа колку болна тема е тоа за неа. Боуен дури забележува дека нејзините движења на челото ја покажале „тагата околу начинот на кој ѝ било кажано дека нејзиниот син нема да биде заштитен“.

Откако започна дискусијата околу нејзините борби околу менталното здравје, дишењето на Маркл раскажа многу. „Нејзината стапка на дишење беше висока бидејќи се опорави од раскажувањето приказна за самоубиствени мисли“, додава Боуен. Исто така, гледачите гледаа како нејзините очи се наполнија со солзи додека таа објаснуваше колку се чувствува заробена и осамена во институцијата. За среќа, сопругот на Маркл ја покажа својата поддршка во текот на целото интервју, а Боуен дури го забележа и нивниот близок контакт. „Меган со палецот постојано ја триеше раката на Хари за да може да се смири“.

Војвотката имаше и друг сојузник за време на интервјуто, а тоа беше Опра. „До крајот на интервјуто Опра и Меган правеа скоро исти гестикулации“, вели Боуен. "Рака на лице, или прст завиткан под усната. Навистина сочувствуваа една со друга".

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија по повод Меѓународниот ден против насилство на жените започна кампања за ратификување на КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 со поддршка на нашите братски синдикати ETUC и ITUC, како и Меѓународната организација на труд – МОТ, информираат од најголемиот синдикален сојуз во државата.

Кампањата која ја водеше ССМ за ратификација на Конвенцијата на МОТ 190  на седница на Економско социјалниот Совет вчера едногласно беше прифатена од сите социјални партнери,  со што ќе се ратификува КОНВЕНЦИЈА НА МОТ 190 ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НАСИЛСТВО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА.

Оваа конвенција ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата, вклучувајќи ги вработените како што се дефинирани со националното право и практика, како и лицата што работат независно од својот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чиишто работни односи престанале, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување, и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавач.

ССМ покажува дека е единствен заштитник на работничките права, велат од синдикатот.

Промовирани огласи »

На крајот на февруари во Македонија се регистрирани 159.608 невработени лица, за разлика од минатата година тој период кога бројката е 105.816 година. За една година само во Македонија точно 53.789 се новоневработени. Ова се официјалните податоци на Агенцијата за вработување, кои укажуваат на ефектите од лошто справување на власта со коронакризата на пазарот на трудот.

На месечна основа, за споредба, бројот на невработени лица пораснал за 0,6% во февруари, според податоците објавени од Агенцијата за вработување.

Економијата на земјата се намали за околу 4,5% на годишно ниво реално во 2020 година, соопшти заводот за статистика на Македонија овој месец, повикувајќи се на прелиминарни податоци.

Во февруари, владата усвои нов, петти пакет мерки во вредност од 9,7 милијарди денари (187,6 милиони УСД / 157,7 милиони евра) насочени кон зајакнување на економскиот раст и подобрување на ликвидноста на пазарот преку поддршка на деловните субјекти и лицата погодени од пандемијата КОВИД-19. Претходните четири пакети за олеснување на коронавирусите беа во вредност од 1 милијарда евра.

Промовирани огласи »

Вредноста на биткоинот повторно се зголеми во текот на вчерашниот ден, па околу 8.30 часот најпопуларната криптовалута  се тргуваше по цена од 58.500 долари.

Така, во изминатите 24 часа цената на дигиталната валута забележа скок од 4 проценти.

Во текот на средата пак, вредноста се движеше помеѓу 54.000 и 59.000 долари, што го приближи до рекордот од 61.500 долари.

Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалути.

Имено, Морган Стенли стана првата голема банка во САД што им понуди на своите богати клиенти пристап до фондовите на биткоин.

Инвестициската банка, гигант што управува со четири милијарди долари од средствата на своите клиенти, во интерниот документ во средата им соопшти на своите финансиски советници дека ќе воведе пристап до три фондови што овозможуваат поседување биткоин, велат луѓето запознаени со ситуацијата.

Морган Стенли се одлучи на овој потег, значаен чекор во прифаќањето на биткоинот како вид на средство, откако клиентите побараа пристап до таа криптовалута.

Да потсетиме, институциите беа големи купувачи на биткоин во четвртиот квартал од 2020 година, а нивните набавки далеку ги надминаа инвестициите во малопродажба. Но, сега и малопродажните и институционалните текови на биткоини се порамномерно распоредени.

Вредноста на биткоинот во моментов е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање картички во светот, со вкупна пазарна капитализација од 871 милијарди долари, како и трите најголеми банки во светот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »