Иако Грција на големо се подготвува за туристичката сезона и евентуалните датуми за отварање околу 14 мај, за македонските граѓани или оние т.н трети земји се уште е спорно влегувањето.
Долгогодишните пријателски односи пак меѓу Грција и Србија и даваат предност на оваа земја во однос на дознавањето и преговарањето за одлука за влез во земјата. Па така,директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ ќе разговара со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој оваа недела ќе биде во посета на Србија, за условите за влез на српските граѓани во Грција, како и за можните сценарија во случај земјата да ја затвори границата ова лето.
Некаде се зборува дека границата Евзони и понатаму ќе остане затворена, но од друга страна се разгледува можноста за медицински пасош и брзи тестови на граница.
Додека пак претходно Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис објави дека границите на оваа медитеранска земја можат да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како „Ден Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во земјата.
Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емиратим најави тој.
Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за коронавирус.
Сепак, како што вели, треба да се направи модел пред 15 мај, според кој во таа земја би можеле да влезат луѓе кои имаат недвижен имот во Грција, како и сопственици на туристички агенции.