Промовирани огласи »

Според ОН во 2100 година, планетата ќе има 11.2 милијарди жители. 

До крајот на 21 век, Африка најмногу ќе придонесе за раст на населението. 

Овој континент ќе има раст на популацијата, а многу земји, меѓу кои и развиените ќе имаат сериозен пад на населението.

Индијци ќе има повеќе од Кинези. Планетата ќе биде пренаселена, старото население ќе биде доминантно, а со тоа ќе се јави и проблем за храна. 

Во светот и сега живеат повеќе луѓе. На Балканот Србите тогаш ќе бидат 3.5 милиони, Хрватите ќе бидат 2.6 милиони, БиХ ќе има 1.9 милиони жители, а Македонците за 500.000 помалку. Црногорците ќе бидат за 183.000 помалку. Словенците ќе изгубат околу 400.000 луѓе. 

Промовирани огласи »

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, во текот на неделава во рамки на меѓународната организација TISPOL-мрежата на сообраќајната полиција, ќе спроведе акција на засилена контрола на брзината на движењето на возилата.

Акцијата ќе се спроведува во сите делови на државата кои соработуваат во оквирот на TISPOL со 28 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка и Србија.

Во рамки на акцијата денес 19 април, ќе биде спроведена и акциајта „Speed Marathon“, каде брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видео надзорот и уредите за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата – пресретнувачи.

Секој контролиран возач ќе биде алкотестиран, додека сообраќајната полиција исто така за време на запирањето на секое моторно возило кое ќе ја надмине дозволената брзина на движење, ќе му изврши контрола и на користењето на појасите за врзување како на возачот така и на патниците, на начинот на кој предвидел производителот на возилото.

Според истражувањето кое го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само 5 отсто доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20 отсто.

Според истото истражување, користењето на безбедносните појаси го намалува ризикот од смртно настрадаување во сообраќајните незгоди за околу 50 отсто.

Промовирани огласи »

Најголем данок по глава на жител плаќаат жителите на главниот град Вашингтон. Тие водат пред сите сојузни држави и по однос на данокот кој се плаќа на сојузната влада и финансиите кои ги добиваат од федералниот буџет.

Секој жител на Вашингтон, минатата година платил во просек 37.000 долари данок на федералните приходи, заработка и имот.

Најголем данок по Вашингтон плаќаат граѓаните на сојузната држава Делавер, во просек 16.000 по жител.

Вашингтон, каде трошоците за живот се високи, плаќа многу повисок данок, иако со години се лобира тоа да престане.

Во Западна Вирџинија данокот лани бил 3.600 долари по лице, во Мисисипи по 3.900 долари по човек, а во Ново Мексико малку над 4000 долари по жител.

Промовирани огласи »

Денес, на градскиот плоштад во Скопје љубителите на игрите на среќа имаа уникатна можност да се дружат со најдобриот македонски автомобилист  Игор Стефановски - Иџе и водителката Марјана Станојковска.

На среќното место на Државната Лотарија на Македонија, во една преубава постпразнична атмосфера, играчите го искористија убавото време  да си ја пробаат среќата со инстант лозовите АВАНТУРА и ДЕТЕЛИНКА и секако со среќните броеви во  НовоЛото 7/34. Покрај убавата дружба и насмеаните лица, и бројните  добивки  ги израдуваа посетителите и редовните играчи. 

Најупорните трагачи по добивки  си заминаа и со маички, капчиња и разни други реквизити со знакот на Детелинка, а  потпишани токму од Марјана и Иџе.

Ве потсетуваме дека и прекрасниот автомобил КИА СПОРТАЖ сеуште чека трпеливо на својот нов сопственик, а покрај среќното место на Градскиот Плоштад ќе блеска до 13ти мај.

Државна Лотарија на Македонија ги повикува своите верни играчи, да го посетат среќното место и да и дадат шанса на среќата да им се насмевне.

За добро!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »