Промовирани огласи »

Најголем данок по глава на жител плаќаат жителите на главниот град Вашингтон. Тие водат пред сите сојузни држави и по однос на данокот кој се плаќа на сојузната влада и финансиите кои ги добиваат од федералниот буџет.

Секој жител на Вашингтон, минатата година платил во просек 37.000 долари данок на федералните приходи, заработка и имот.

Најголем данок по Вашингтон плаќаат граѓаните на сојузната држава Делавер, во просек 16.000 по жител.

Вашингтон, каде трошоците за живот се високи, плаќа многу повисок данок, иако со години се лобира тоа да престане.

Во Западна Вирџинија данокот лани бил 3.600 долари по лице, во Мисисипи по 3.900 долари по човек, а во Ново Мексико малку над 4000 долари по жител.

Промовирани огласи »

Денес, на градскиот плоштад во Скопје љубителите на игрите на среќа имаа уникатна можност да се дружат со најдобриот македонски автомобилист  Игор Стефановски - Иџе и водителката Марјана Станојковска.

На среќното место на Државната Лотарија на Македонија, во една преубава постпразнична атмосфера, играчите го искористија убавото време  да си ја пробаат среќата со инстант лозовите АВАНТУРА и ДЕТЕЛИНКА и секако со среќните броеви во  НовоЛото 7/34. Покрај убавата дружба и насмеаните лица, и бројните  добивки  ги израдуваа посетителите и редовните играчи. 

Најупорните трагачи по добивки  си заминаа и со маички, капчиња и разни други реквизити со знакот на Детелинка, а  потпишани токму од Марјана и Иџе.

Ве потсетуваме дека и прекрасниот автомобил КИА СПОРТАЖ сеуште чека трпеливо на својот нов сопственик, а покрај среќното место на Градскиот Плоштад ќе блеска до 13ти мај.

Државна Лотарија на Македонија ги повикува своите верни играчи, да го посетат среќното место и да и дадат шанса на среќата да им се насмевне.

За добро!

Промовирани огласи »

Постојат два начина да станете шеф. Потрадиционалниот е постепено да се искачите на позициите во компанијата и во одреден момент да ја предводите. Другиот е да создадете свој бизнис.

Додека при првата опција шефови стануваат луѓе кои веќе имаат стекнато доста искуство, кај вториот работите треба да се учат во движење. Од Форбс велат дека има 3 карактери кои ќе ви покажат дека веќе сте се претвориле во вистински бизнис лидер.

За вас е важен вкупниот успех отколку личниот

Добрите лидери не се загрижени што ќе постигнат на лично ниво, а сакаат сите нивни потчинети да имаат достигнувања. Самиот Стив Џобс вели: „Нема смисла да вработите умни луѓе за да им кажуваш што да прават. Тие мора да ни кажуваат што да правиме“. Шефовите треба да создаваат таква средина, која им овозможува на вработените да го зголемат својот потенцијал.

Трансформирате енергија во акција.

Секој може да измисли идеја и да се обиде да ја реализира. Само вистински лидер, сепак може да создаде долгорочна стратегија. Способноста да ги инспирираат другите да преземат иницијатива е исклучително важна за управувањето.

Ја вдишувате целата вина за неуспесите.

Желбата да си ги припишуваат успесите само на себе е знак на несигурност. Но преземање на одговорност за неуспесите ве прави вистински лидер. Шефовите не смеат да бидат диктатори, а да грижат и да ги заштитат луѓето. Само затоа што на картичката ви пишува „директор“, не значи дека сте лидер. За последното се бара време и посветеност.

Промовирани огласи »

Турската лира зајакна во однос на американскиот долар, по референдумот кој се одржа во земјата и ги зголеми овластувањата на претседателот. 

Лирата има скок од 3.5% на азиските берзи, објави Хина. 

Турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи победа доцна во неделата. 

По пребројани 99% од гласовите, за гласаа 51,35%, а против беа 48,65% од оние кои гласаа. 

Над 55 милиони Турци имаа шанса да се изјаснат за најголемите реформи во земјата уште од времето на Кемал Ататурк. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »