Промовирани огласи »

НЕПТУН лидерот во иновативни технологии и бела техника во Македонија, ja отвора својата 26 локација како ,,flagship” продавница во Ист Гејт Мол. Продавницата ќе се простира на 1500 м2 и ќе се наоѓа на стратешка локација блиску до главниот плоштад во трговскиот центар, и до неа може да се стигне и со автомобил поради полесно транспортирање на купените производи.  

Горан Панзов, Регионален Менаџер на НЕПТУН официјално ја предаде комплетната проектна документација на Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер во Ист Гејт Мол, со што е меѓу првите закупци кои започнуваат со уредувањето на своите простории.       

Горан Панзов изјави: ,,Започнуваме со уредување уште во овој момент, затоа што за комплексен зафат за продавница од 1500 м2 е потребно време од минимум 6 месеци.” Како водечки синџир на продавници за иновативна технологија и бела техника во Македонија, чест ни е што ќе бидеме дел од најголемиот трговски центар во регионот. Присуството во Ист Гејт Мол ни носи голема видливост и голема фрекфенција на клиенти. Продавницата на Нептун ќе биде носител на модерниот имиџ и ќе ги изложи најиновативните меѓународни брендови за технологија и бела техника за сите потрошувачи”.

Наташа Апостолов изјави дека Ист Гејт Мол го најавува официјалното отворање наесен годинава, а повеќе од 90% од вкупната површина на трговскиот центар е веќе изнајмена. Во моментов закупците интензивно работат на проектната документaцијa, а со закупците кои имаат закупен простор над 500 м2 е започнат и процесот на примопредавање на локалите со што овие закупци веќе започнуваат со изведување на работите.

Промовирани огласи »

Се случува дискриминација. Вработените во приватниотс сектор се оштетени во своите права во однос на оние во администрацијата кога е во прашање надомест за заболените од Ковид 19.

Вработените во јавниот сектор доколку седат дома затоа што се болни од корона или се во самоизолација, ќе си земат цела плата, односно 100 отсто, но тоа нема да важи и за вработените во приватниот сектор, каде боледувањето е меѓу 70 и 90 отсто, зависно од деновите во кои не се доаѓа на работа.

Имено, во време кога дневните бројки на новозаразени од коронавирусот надминуваат над 1.000 граѓани секојдневно, повторно се актуелизира проблемот со тоа во колкав износ ќе им бидат подмирени боледувањата на работниците кои или се заболени од коронавирусот, или не можат да доаѓаат на работа бидејќи се во самоизолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Пред неколку дена Синдикатот на вработените во управата и правосудството, УПОЗ, се пофали дека вработените кои се во изолација од ковид 19, ќе добиваат полн износ на надоместок на плата.

Тој заклучок Владата го донела на седница одржана на 16 март годинава, откако Синдикатот на УПОЗ во повеќе наврати и укажувал дека оние вработени во управата што ќе заболат од ковид или ќе одат во самоизолација, не смеат да бидат доведени во тешка материјална состојба.

Деновиве со барање излезе и Конфедерацјата на слободни синдикати, КСС, кои сметаат дека треба да земаат стопроцентна плата оние кои ќе се разболат од ковид и оние кои поради изолација нема да можат да одат на работа.

„Согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности, САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија coronaviridae, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси…“, се вели во објавата од КСС.

„Како што е познато, сега, согласно законските прописи, работниците во приватниот сектор кои отсуствуваат од работа до седум дена, за тој период земаат 70 отсто од платата, потоа до 14 дена земаат 80 проценти, и за период од 15 до 28 дена боледување земаат 90 отсто од платата, што е на товар на работодавачите. А доколку отсуствуваат од работа над тој период, тогаш боледувањето е на товар на државата, односно на Фондот за здравство“, објаснува Дарко Димовски, претседател на најголемиот синдикат во земјава, ССМ.

Но, синдикатот смета дека Ковид 19 треба да се смета како професионално заболување, бидејќи многу од работниците го добиле токму на работа, за време на вршењето на работните задачи.

Промовирани огласи »

Групацијата Голдман Сакс е близу до отворање на официјална понуда на инвестициски производи поврзани со биткоин и други дигитални средства на клиентите на својата приватна единица за управување со богатството.

Ние работиме тесно со тимови низ целата компанија за да истражиме начини да им понудиме внимателен и соодветен пристап на екосистемот на клиенти со приватно богатство, и тоа е нешто што го очекуваме во блиска иднина, рече Мери Рич, која неодамна беше именувана за шеф на глобалното одделение , во интервју за дигиталните средства на CNBC.

Во писмото до персоналот, кој го најави нејзиното назначување во средата, Голдман рече дека Рич „ќе ги искористи можностите на фирмата за да осигури дека можеме најдобро да го исполниме интересот на клиентите за сите класи и технологии на дигитални средства“, се наведува.

Како компанија, веруваме во можноста за блокчејн технологии и потребно е да продолжиме, пренесува порталот SEEbiz.

Голдман планира да започне да инвестира во дигитални средства во вториот квартал и планира да понуди „целосен опсег“ на такви инвестиции „или преку физички биткоин, деривати или традиционални инвестициски фондови“, изјави Рич за CNBC.

Банките на Волстрит во голема мерка ги избегнуваат крипто-валутите. Иако биткоинот сега има повеќе од 11 години, има многу малку работи што всушност можете да ги купите со него, а нестабилноста е голем ризик. Пред три години, Голдман ангажираше трговец со крипто за да помогне во водењето на пазарите на дигитални средства, со цел да ги запознае луѓето со фирмата, како и клиентите со крипто-валути, но компанијата неодамна ја занемари идејата за биткоин како класа на средства.

Растот на биткоинот во последните неколку месеци ги заинтригира богатите инвеститори на нов начин. За време на рацијата на криптовалутите во 2017 година, тие претежно останаа настрана. Ворен Бафет го нарече биткоинот „фатаморгана“ а извршниот директор на JPMorgan Chase & Co. Џејми Димон рече дека станува збор за „измама“ (иако подоцна изрази жалење за изјавата).

Овој пат, тие влегуваат во приказната заедно со голем број инвеститори во трговијата на мало. Податоците собрани од JPMorgan покажаа дека малите инвеститори купиле повеќе од 187,000 биткоини овој квартал од средината на март во споредба со приближно 205,000 минатиот квартал. Институционалните инвеститори купиле околу 173.000 парчиња од најпопуларната криптовалута во светот во тој период, во споредба со скоро 307.000 во последните три месеци од 2020 година.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ја започна активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

Од УЈП ги повикуваат регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку своите кориснички профили.
Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2020 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2021 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2021 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишни даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту корегирани.

Годишната даночна пријава за 2020 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.

Од УЈП апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-ПДД, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки од користењето на системот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »