Промовирани огласи »

Во Македонија скокнаа трошоците за живот. Во март оваа година во споредба со истиот месец во 2020 трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто, а цените на мало за 2,6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 oтсто. Свежото и разладеното овошје поскапе за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.4 отсто, месото и жестоките пијалци за 0.2 осто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај рибата и морските плодови за 0.6 отсто и конзервираното овошје за 0.3 отсто.

За 4,3 отсто поскапување има кај алкохолот и тутунот, трошоците за живот за домување, вода, струја се зголемени за 4,5 проценти додека кај храната за 1,7 отсто. Трошоците на живот за здравствена заштита скокнале од 2,5 отсто. Цените на мало во март во споредба со истиот месец лани најмногу се зголемени на непрехранбените и индустриските производи како и кај услугите.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи работникот може да склучи договор за вработување со полно и неполно работно време. 
Работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време не смеат да работат подолго од 40 часа неделно, а не помалку од 36 часа, но во одредни случани во некои професии, како полно работно време може да се смета и работно време под 36 часа неделно.

За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно.

На работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, во согласност со закон и колективен договор. При остварување право на плата и другите права од работен однос, скратеното работно време се изедначува со полното работно време.

Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски притисок; работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на јонизирачки зрачења; работа со болни од заразни болести и со заразни материјали; работа на хируршки интервенции во операциони сали; работа во областа на психијатријата; работа со лица со најтешки пречки во психичкиот развиток; работа во судска медицина и патолошка анатомија; работа со нагризувачки материјали; работа на летачки персонал; балетски изведби; музичари на дувачки инструменти;играорци и оперски солисти; работа во близина на напон или под напон и работа на височина или длабочина.

Одобрение за работа со скратено работно време  дава министерот надлежен за работите од областа на трудот, врз основа на претходно прибавено мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.Барање за покренување на постапка за добивање на одобрение за работа со скратено работно време може да поднесе работникот или синдикалната организација до работодавачот.Здравствената установа која врши дејност медицина на трудот и инспекцијата на трудот мислењето  го доставуваат врз основа на претходно изготвен и доставен елаборат од работодавачот.

Барање за добивање одобрение за работа со скратено работно време поднесува работодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот.Кон барањето за добивање одобрение  работодавачот доставува мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот. Доколку инспекцијата на трудот утврди дека постојат услови , со решение ќе му нареди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време.

Работникот кој работи на работи кои се особено тешки, напорни и штетни по здравјето не смее да работи на тие работи прекувремено, ниту може да се вработи кај друг работодавач на истите работи, за времето за кое работи со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Биткоинот повторно започна да изненадува откако ја премина неверојатната граница од 60 000 долари, а потоа падна на 57 000 долари.

Вчера утрото, оваа криптовалута го започна во „зелена“ боја. Околу 11,30 часот биткоин вредеше 58,600 американски долари, што е раст од околу 2 проценти за 24 часа-

Од друга страна, втората најпопуларна криптовалута, етериумот, продолжи да го руши рекордот. Нов рекорд од 2.114 долари, што е зголемување за околу 4 проценти во последните 24 часа.

Тоа беше седмиот последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна повеќе од 20 проценти во претходните 9 дена по одлуката на една компанија за картички да ги олесни трансакциите со американски парички на мрежата на етериум блокчеин .

Етер, матичната крипто валута за Eтериум, оваа година скоро ја зголеми тројно својата цена.

Промовирани огласи »

Засега не поддржуваме пасоши за вакцинација, велат од Светската здравствена организација.  Ваквиот став е поради неизвесноста дали вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, изјави денеска портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Мнозинството европратеници изразија поддршка за брзо воспоставување на дигиталниот зелен сертификат, што за цел го има олеснувањето на слободно и безбедно движење во Европската унија за време на пандемијата. Грција беше меѓу првите земји која побара воведување ваков пасош за патување. Тие на овој начин сакаа да си обезбедат безбедна летна сезона. Во светот досега има над 132 милиони ковид случаи. Многу земји како Германија, Израел, воведуваат привилегии за вакцинираните граѓани како посета на фризер, можност да одат на концерти и слично. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »