Mојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници - истакна министерот за туризам на Грција.
Ќе отвориме на 14 мај, ќе ги отвориме сите копнени премини, за да ги немаме тешкотиите што ги имавме лани, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката на СИРИЗА, Кирјаки Малама, во врска со туристичката сезона, конкретно за Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
Теохарис уште еднаш го објасни владиниот план во пет точки со предусловите за патување во Грција: или вакцинација или негативен тест, во комбинација со контроли при влезот за доколку има позитивни посетители да се откриваат, хотели- карантин за изолација на заразените, вакцинација на туристичките работници, како и строго почитување на здравствените протоколи, „кои лани ги чуваа безбедни и туристите и граѓаните“.
Го соопштивме нашиот план и сме единствената земја која толку јасно го соопшти. Бев во низа земји во изминатиот период. Повеќето од нив, всушност, би рекол сите се за северна Грција. Тоа се Романија, Србија, мојата комуникација со министерот за здравство на Северна Македонија, за да го објасниме нашиот план за тоа како ќе отвориме и како би можело да биде на нашите граници – истакна министерот за туризам на Грција.
Говорејќи за патниот туризам лани објасни дека беше „воена состојба“ и земјата немаше капацитет за персонал на сите влезни точки, а контролата беше потешка и потсети дека бранот го погоди Балканот во моментите кога Грција го отвораше туризмот, но сега, истакна дека постојат повеќе алатки, брзи тестови, вакцини, како и искуство од ланската сезона.