Промовирани огласи »


Мисијата на Скот Динсмор е да го смени светот помагајќи им на луѓето да го пронајдат она што ги возбудува и да градат кариера околу работата за која се само тие способни. Тој е стратег за промена во кариерата, чие деморализирачко искуство на работа Fortune 500 ја започна неговата потрага да разбере зошто 80% од возрасните ја мразат работата што ја работат и што е уште поважно, да идентификува што другите 20% прават поинаку. Неговото истражување доведе до заапознавање со илјадници вработени и претприемачи од 158 земји. Скот ги сведе резултатите до неговата Рамка за страсни работи - три изненадувачки едноставни практики за наоѓање и занимавање со работа што ја сакаш, кои се целосно во наша контрола. Своите алатки за кариера ги става на располагање на јавноста бесплатно преку неговата заедница на http://LiveYourLegend.net

Слушнете го што има да каже.


 

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Имаат отворено 2 работни позиции:

AGILE PROCESS AND PROJECT EXPERT

PEOPLE INSIGHT SPECIALIST IN HR

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нашата политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудиме, користење  напредна технологија и достапност за сите. Ние секогаш сме посветени на работењето и на секојдневно подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнееме и работиме лидерското место да го задржиме засекогаш.

Во почетокот на 2010 година, во НИКОБ се изврши промена на сопственичката структура. По преземањето, НИКОБ претрпе преструктурирање и ребрендирање на компанијата заради поголема ефикасност во работењето и за подобрување на целокупниот квалитет на услугите. Направени се големи инвестиции кои ќе продолжат и во наредниот период, повторно со цел  подигнување на нивото на квалитетот на услугите како и воведување низа новиуслуги, со што задоволството и безбедноста на нашите клиенти би била на највисоко ниво.

Имаат отворено 6 работни позиции:

СЕРВИСЕРИ МОНТЕРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ

ЛАБОРАНТ

ХИГИЕНИЧАР

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

ДОКТОРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Вграден врз силното искуство во производствениот сектор, што основачите го развија во Шведска за време на глобалното проширување на 90-тите години, LEORON еволуираше во сеопфатен институт за обука, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни функции, вклучително и корпоративни финансии, човечки ресурси, SCM, операции , и инженеринг. Со стратешка дистрибуција на нашите канцеларии во водечки локации, како што се Дубаи, Ријад, Јонкопинг, Скопје, Акра и Алмати, нашиот тим експерти обезбедува околу 1200+ курсеви годишно, а околу 15000+ професионалци се опремени со соодветно образование и најнови увиди во широк асортиман на индустрии низ регионот ЕМЕА. Мисијата на LEORON е да им помогне на нашите клиенти низ целиот свет да ја зголемат нивната конкурентност преку подобрување на нивото на компетентност на нивните вработени, преку врвни квалитетни решенија за обука и развој испорачани од ненадминливи глобални експерти и олеснети од најдобрите менаџери за обука во индустријата.

Имаат отворено 2 работни позиции:

PAID ADVERTISING AND SOCIAL MEDIA SPECIALIST

HEAD OF HUMAN RESOURCES DEPARTMENT (SKOPJE-BASED)

Тетрактис - Кристијан Дооел е високо професионална компанија специјализирана за архитектура, урбанизам и инженерство. Компанијата има 9 редовно вработени архитекти.

Нашата мисија е да обезбедиме квалитетна и долгорочна соработка со клиентите.

Тетрактис - Кристијан Дооел е компанија чија работа се базира на висок професионализам, ефикасност и долгогодишно искуство.

Главната цел на Тетрактис-Кристијан Дооел е да ги исполни вашите потреби и барања, да ја претвори својата визија во реалност и, конечно, да обезбеди задоволни потрошувачи.

Имаат отворено 2 работни позиции:

АРХИТЕКТ – ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

АРХИТЕКТ

 Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Промовирани огласи »

Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот.

За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година.

Значајно е да се нагласи дека Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.

- Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции – истакна Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки.

Со почит,

Град Скопје

Промовирани огласи »

Град Скопје и во 2021 година ги продолжува мерките за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање, како и за субвенционирање на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.

Деновиве ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година. Средствата предвидени за овие субвенции се добиени од Владата на Република Северна Македонија, односно во 2020 година Град Скопје доби средства во висина од 322.400.000,00 денари. Во годинешниов јавен повеќ ќе бидат користени нереализираните средства од минатогодишниот јавен повик или сума во износ од 107.404.074,00 денари.

Согласно со годинешната програма, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите.

Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

– Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 40.000 денари годишно;

– Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 37.000 денари годишно;

– Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 18.000 денари годишно.

Според анализата на годишно ниво ќе се заштедат околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти на подрачјето на Градот Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Со оваа одлука е утврдено дека максималниот износ за доделување на поединечна субвенција е во висина од нето износ најмногу до 1.200,00 денари по домаќинство или правен субјект, додека персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

Наредниот период ќе биде распишан јавен повик за доделување субвенции за чистење на оџаците, а за аплицирање на јавниот повик ќе биде потребно да се прикаже оригинална фискална сметка со датум од 01.01.2021 година, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 30.11.2021 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »