Промовирани огласи »

Листата која ја состави „Бизнис инсајдер“ на 18 земји со најмногу милионери ги опфаќа Австралија, Данска, Шведска, Холандија, Белгија, Тајван, Шпанија, Јужна Кореја, Швајцарија, Австрија, Канада, Италија, Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија, САД.

Според информациите на „Кредит Свис“ скоро 33 милиони луѓе низ целиот свет имаат повеќе од 1 милион долари.

Во Америка има 13,6 милиони возрасни лица со богатство од над 1 милион долари, а тоа е 41 отсто од сите светски милионери или повеќе од осум земји заедно.

Швајцарија има најмногу милионери по глава на жител. Скоро 12 отсто од возрасните во земјата се милионери, или по еден на секои 8,6 жители.

Промовирани огласи »

Бадијала ќе седат дома, ама за 10.000-12.000 денари не работат. Познавачите што секојдневно нудат работни места во земјата потенцираат дека време е да се смени менталниот склоп на работодавците бидејќи веќе не можат да им понудат работници за тие плати оти никој не прифаќа и најчесто одговорот од младите, но сега и од средната генерација, е - не прифаќам.

Се бара с ' она што го нема на пазарот

Инаку, продавач за с` и сешто, од стоки до услуги, е најбараното занимање во земјата во моментот. Податоците на Агенцијата за вработување во земјата покажуваат дека меѓу најбараните занимања не се некои професии за кои требаат дипломи и високо образование, туку основни познавања и средно образование. Бројките говорат дека ако изминатиот период дневно имаше околу 8.000 слободни работни места, евиденцијата по празникот покажува дека сега се бараат едвај 3.000 места.

Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека покрај продавачи, недостигаат и шивачи, магационери, возачи, општи работници, касиери, готвачи, поштари, кројачи, чевлари, обезбедувачи. Има и 40 слободни позиции за програмери.

Анализите, пак, на Агенциите за привремени вработувања покажуваат дека се бараат работници што ние ги немаме слободни на пазарот.

- Покрај продавачи, се бара и с` она што го нема на пазарот. Тоа се работнички занимања, мајстори, ѕидари, тесари, возачи со Ц-категорија, заварувачи, бравари, стаклари, столари, касапи, месари, градежни работници, машинисти, кранисти, багеристи. Потребна е промена на менталниот склоп на работодавците, но и целосна промена на програмите за средно стручно образование оти не се потребни три години средно за заварувач и бравар, потребно е шест месеци теорија и уште 18 месеци пракса за да се произведе квалитетен кадар кој е дефицитарен во земјата. Потребно е повеќе пракса - вели Раде Ненадиќ, сопственик на Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“. Според него, потребна е преквалификација на она што го имаме на список како невработени, а со години не можеме да му најдеме работа на пазарот. Ненадиќ е категоричен дека осмоодделенците веќе не се запишуваат во стручно образование.

„Не, благодарам“ е најчестиот одговор од невработените

Дека трендовите се менуваат, покажуваат податоците на Агенциите кои мака мачат да им обезбедат работници на компаниите.

- Факт е дека нема веќе продавачки што прифаќаат да работат за 11.000 денари плата. Станува збор за не така лесна работа бидејќи работни се и саботите, некаде и неделите, се работи на смени, а во млечните ресторани и до 12-1 часот по полноќ. Затоа е потребна промена на менталниот склоп на работодавците и покачување на минималната плата што ја нудат. Зошто на работниците, кога ќе платат за автобус и храна, месечно нема да им останат ни 8.000 денари. Мора да разбереме дека немаме евтина работна сила и дека таа треба да се плати. Трендот е дека с` повеќе младите, па и средната генерација, седат дома невработени, а не одат да работат за таа плата - вели Ненадиќ.

Тој потенцира дека работодавците се водат од девизата дека сите плаќаат толку - 11.00-12.000 денари.

- Порано беше она бадијала работи, бадијала не седи. Сега веќе тоа не важи бидејќи кога ќе се пресметаат, излегува дека на работ на исплатливост е да одат на работа. Сега с` повеќе и младите и средната генерација не сакаат никаква работа за таа плата, сите чекаат да се вработат во администрација, банка, јавни, државни институции за повисока плата и во канцеларија. Додека, пак, за плата од 15.000 па нагоре веднаш се наоѓаат работници - вели Ненадиќ. 

Промовирани огласи »

Samsung ги презентираше Galaxy S8 и S8+ на 21 април, а од денот на претставувањето на првиот модел од S серијата поминаа 7 години. Затоа на YouTube каналот “ EverythingApplePro ” е извршена споредба на првиот S телефон и овогодинешниот S8 смартфон. Очигледно, многу работи се промениле во последните 7 години.

Од пластичен и грд телефон, кој бил премногу бавен, со камера со лош квалитет, Samsung успеал да направи револуционерен телефон со преубав дисплеј, врвен хардвер и уште подобра камера, спакувана со елегантно и минималистичко куќиште. Импресивно е да се забележи колку напреднале хардверот, софтверот и дизајнот на телефоните.

Промовирани огласи »

Според ОН во 2100 година, планетата ќе има 11.2 милијарди жители. 

До крајот на 21 век, Африка најмногу ќе придонесе за раст на населението. 

Овој континент ќе има раст на популацијата, а многу земји, меѓу кои и развиените ќе имаат сериозен пад на населението.

Индијци ќе има повеќе од Кинези. Планетата ќе биде пренаселена, старото население ќе биде доминантно, а со тоа ќе се јави и проблем за храна. 

Во светот и сега живеат повеќе луѓе. На Балканот Србите тогаш ќе бидат 3.5 милиони, Хрватите ќе бидат 2.6 милиони, БиХ ќе има 1.9 милиони жители, а Македонците за 500.000 помалку. Црногорците ќе бидат за 183.000 помалку. Словенците ќе изгубат околу 400.000 луѓе. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »