Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Битиќи во гостување на ТВ 24 најави дека од утре почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата ќе го соопшти и новиот, шести пакет кој тој го нарекува, како што нагласи, „пет плус". Најавена ќе биде и операционализацијата на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити.
Мерката што утре ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.
Се прават, додаде Битиќи, и последните калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение. По вчерашниот ден, Битиќи се надева, како што истакна, дека нема да има слични сиитуации и дека секој економски закон ќе се изгласа во најбрз рок.
Според вицепремиерот, се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализрале како мерки.
Денеска беше доста тежок ден, се прават последните подготовки и финалните анализи за владината седница. Собиравме информации за мерката која утре ќе ја обзнаниме по седницата. Комисијата за заразни болсти е одговорна, таа „го води орото" со коронавирусот и мораме да ги следиме нејзините препораки. Денеска имавме и Главен кризен штаб, тие имаат одредени препоркаи, ние како Влада секако ги разгледуваме и утре ќе ги усвоиме соодветно. Тие се во насока на оптимизирање на тоа што е позитивен ефект од мерките. Свесни сме дека затворање на одреден сектор има последици и затоа утре ќе ги донесеме економските мерки. Ќе одговориме соодветно, со сосема нов модел. Воедно сме подготвени исплатите од петтиот пакет да почнат веднаш, најбрзо што е возможно, зашто знаеме колку е потребно средствата да стигнат до граѓаните. Мерката е предвидена за 60.000 плати, за 60.000 работници или 120.000 за два месеца, а тоа се 120.000 семејства, истакна Битиќи.
Тој очекува дека ќе има интерес во однос на бескаматните кредити за фирмите. Овој модел, рече, е добар и ќе им помогне на компаниите да ја подобрат ликвидноста, но не само сега, туку и понатаму да опстанат.
Откако соопшти дека со новиот пакет ќе бидат опфатени и туристичките оператори, вицепремиерот упати апел до туристичките агенции дека ги кани да седнат на заедничка маса и да договорат мерки на среден и на долг рок. Ваучерите за туризам, истакна Битиќи, се поврзани со буџетска календарска година и не може тоа што е испланирано за оваа, да важи следната година.
Ги поканувам туристичките агенции оваа или следната недела да дојдат и да седнеме заедно, да ги обмислиме мерките на среден и долг рок. Да седнеме, да креираме среднорочен план, тоа е многу подобро од планирање денеска за денеска. Мора да се соочиме со реалноста и да планираме како полесно да ја надминеме кризата, напомена вицепремиерот.
Секој денар од Буџетот што годинава се троши мора да оди за спраување со КОВИД, подвлече Битиќи.