Наоѓањето работа сега може да ви се чини како невозможен потфат. На крајот на краиштата, ако многу компании мораа да отпуштаат голема бројка од своите вработени, како можат да имаат потреба од нови вработувања? И, ако бизнисот е во поволна позиција да го прошири својот тим, како можете да се издвоите од километарскиот куп на апликанти?
Прва работа: Земете здив.
Иако несомнено е тешко време за промена на работно место, сепак има можности за работа. Иако може да се чини како невообичаено време за барање нова работа, компаниите вработуваат за позиции со полно и скратено работно време, како и бараат други начини да ги прошират своите понуди.
Што бараат регрутерите периодов?
Работници кои самостојно се мотивираат
Како трагач по работа, сега треба да внимавате на многу хонорарни понуди или отворени работни места за работа од далечина. Но, без оглед на тоа каков тип на работа барате, менаџерите за вработување обрнуваат внимание на кандидатите кои се чини дека се самоиницијативно почетници во бараната област. Зошто?
Бидејќи не постои точна временска рамка кога официјално ќе се отворат компаниите за вработените целосно, регрутерите треба да донесат професионалци кои не само што се чувствуваат пријатно да работат од дома, туку се и најдобри во практиката. Потребни им се сигурни вработени кои не треба да бидат во канцеларија за да ја завршат својата работа. Тие треба да имаат можност да веруваат дека новиот вработен е доволно самостоен и дисциплиниран за да работи од дома или од канцеларија.
Работници кои демонстрираат флексибилност
Всушност во ваш најдобар интерес е да пренесете како сте се снашле за време на кризата. Повеќе од кога било, компаниите ги ценат вработените кои можат да се справуваат со „ударите“ од кризата и да останат позитивни.
Регрутерите сакаат да ангажираат некој пријатен и подготвен за правење промени во последен момент. Флексибилноста е неверојатно важна бидејќи регрутерите треба да притискаат силно дури и кога работите не одат според ветеното или според планираното.
Работници кои се технолошки потковани
Сметајте дека ова е вашиот потсетник за да ги разгледате основите на Zoom - и осигурете се дека имате најдобра можна интернет- конекција дома. И, ако не сте го тестирале Slack, време е за тоа. Не треба да ја знаете секоја алатка за да се истакнете, но добро е барем најважните да ги имате во резимето во делот за дигитални вештини.
Да се биде упатен во технологија е клучно во време на пандемија бидејќи луѓето работат на далечина, а сите апликации и алатки се префрлаат преку Интернет. Последната грешка што сакате да ја направите е да имате интервју со слаба конекција и регрутерите не може да разберат што зборувате, предизвикувајќи веднаш да го изгубат интересот.
Работници кои комуницираат ефикасно
Деновиве нема такво нешто како прекумерна комуникација. Со оддалеченостa на многу менаџери од нивните тимови, регрутерите обрнуваат внимание на тоа како потенцијалните вработени зборуваат, се справуваат со виртуелни дискусии и како се прилагодуваат на променливите околности. За да го демонстрирате ова важно е да вербализирате сè: вашите хоби и интереси, вашите квалификации со специфични примери, поставената канцеларија дома итн.